Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова
МАКЕДОНИЈА

Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова

Објавено January 1, 2026 16:50
Сподели
Сподели

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на првиот ден од новата 2026 година беше во посета на Командата за обука и доктрини – КОД во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“. Притоа, се сретнаа и разговараа со новопримените 300 професионални војници меѓу кои и 26 девојки кои од понеделникот ја започнаа обуката.

Претседателката Сиљановска Давкова во обраќање им ја честиташене новата 2026 година со желба за многу успеси и просперитети на сите старешини и млади војници. Воедно им подари стотина книги од повеќе области, кои, како што рече, можат да им бидатод полза за  усовршување и едукација.

-Ви посакувам многу здравје и успешно извршување на својата професија и се разбира посветеност бидејќи ако на љубовта и на интересот го додадате и трудот сигурно дека ќе станете перфектни, а потоа и офицери како луѓето кои ве едуцираат и со кои јас соработувам. Импресионирана сум од она што денеска го видов, се разбира добрите гласови брзо патуваат и јас речиси знаев се за оваа институција, но денеска преку излагањето на генерал Нуредини – командант на КОД, видов и како сето тоа функционира. Тоа што за мене е ново – видов како функционира хиерархијата и субординацијата што честопати ја потенцира началникот на Генералштабот, а е неопхпдна за вашето школување. Видов скоро се и сликата ми е скоро целосна – индивидуалната работа преку ракувањата со оружјата од понова и постара генерација, но и она како се гради визијата, мисијата и дека никој не може да ги избегне она што мене ми е едно од најголемите љубови во животот- професијата, потенцира Сиљановска Давкова.

Претседателката е убедена профессионализмот, вербата дека вреди да се брани независноста и територијалниот интегритет на земјата е она што ја прави Армијата исклучително почитувана.

-И кога слушате дека овде сте заради тоа што целосно верувате дека вреди независноста и територијалниот интегритет да се бранат, јасно ми е зошто е Армијата е институцијата што ужива најголема почит во државата. Убедена сум дека и вие за тоа ќе придонесете. Имајте успешна подготовка, а  гледате дека денес и времето е на ваша и моја страна кога и да дојдам во некоја касарна има сонце. Тоа има некоја поврзаност со мисијата што ја имаме сите ние-да создадеме пристојно место во кое војниците питомците, офицерите и оние со највисоки функции ќе бидат компатибилни, прифатени и препознаени во сите Армии и во сите мисии, потенцира претседателката Сиљановска Давкова.

Таа на младите професионални војници им посака успешно да ја завршат обуката и потоа успешно да се адаптираат онаму каде што ќе се усовршуваат, но и еден ден како нови стерешини на Армијата да стојат околу неа.

-Посебно им посакувам на жените во Армијата да покажат и докажат дека се исто толку компатибилни колку и мажите, дека имаат цврста решеност, дека имаат цврста волја, дека се љубопитни, дека знаат и дека нема цел и нема задача што не можат да ја извршат. На право место сте, покажувате и сами дека верувате дека оваа  е добар избор. Јас ве подржувам во изборот и ви посакувам успешна војничка кариера, рече таа посакувајќи им успеси на 26 -те девојки – професионални војници кои се на обука во велешката касарна, но и на сите припаднички во Армијата.

Воедно таа со генерал – мајор Сашко Лафчиски присуствуваа на мала показна вежба од страна на издресирано куче и кучиња од Центарот за одгледување и дресура на кучиња на Армијата, на која беше прикажано како открива динамит.

Таа се запозна и со Центарот за публикации и издавачка дејност на КОД кој досега има отпечатено вкупно 178  книги и стручни брошури поврзани со Армијата, а се запозна и со работата на библиотеките на гарнизоните на Армијата во земјава, кои имаат вкупно околу 160 илјади најразлични книги.

На крај од денешната посетата домаќинот Командантот на КОД, бригадниот генерал Лулзим Нуредини и врачи на претседателката Сиљановска Давкова највисока плакета на КОД

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Месечен хороскоп за јануари 2026 година
Следна Статија Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средното полициско образование се обновува по 26 години – ќе можат да се запишат околу 200 ученици

Околу 200 ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија,…

March 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се повлечеме од набавката на нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање,…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?