Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал
ЕКОНОМИЈА

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

Објавено January 2, 2026 12:44
Сподели
Сподели

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозчаи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Бојкотот е почнат вчера, поради, како што вели Димовски, неисплатен втор дел од платата за ноември и неисполнетите барања од бојкотот на почетокот на декември и покрај постигнатиот договор со раководството на железничкото претпријатие.

Димовски вели дека на 18 декември им бил исплатен првиот дел од платата за ноември, како и дека добиле неофицијални информации оти денеска ќе биде исплатен вториот дел од платата, но, потенцира, бојкотот ќе продолжи се додека не не повикаат на преговори за нашите барања од минатиот бојкот од кој и покрај договорот не е исполнето ништо.

– Ќе бидеме во бојкот се додека не бидеме повикани на средба за да се договори исполнување на барањата но и да има документ дека тоа ќе се исполни, најавува Димовски.

Тој тврди дека 60 до 70 проценти од машинскиот и извршниот персонал е во бојкот, односно дека не сообраќаат поголемиот дел од возовите.

– Од патничките возови вчера сообраќаше само еден, од Скопје за Гевгелија во 16.55 часот, а од товарните возат поголемиот дел возовите. Откако стапивме во бојкот вчера во 04.47 часот не тргнаа возовите на релациите Скопје Куманово и обратно, Скопје Битола, Скопје Велес, исто така Скопје-Куманово од ноќеска и утринава Скопје Гевгелија, изјави Димовски.

На 1 декември минатата година железничкиот сообраќај во државава беше во целосен прекин, а се нормализира на 2 декември по средбата на претставниците на машинскиот и извршниот персонал со раководството на МЖ Транспорт и Министерството за транспорт. До раководството на железничкото претпријатие, како што соопшти Димовски, на 2 октомври биле доставени 15 барања, а дел од нив се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поддршка на американската дрвна индустрија: Президентски чекор за регулирање на увозот на дрвени производи
Следна Статија Џенифер Лопез има досетлив одговор зошто е ‘секогаш гола’ на 56 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

-2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од први јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

д 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонски ланец маркети влегува на српскиот пазар

Македонскиот ланец Стокомак наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот Retail Serbia, пренесе Б92. Како што пишува во…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?