Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани

Објавено January 3, 2026 18:29
Сподели
Сподели

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Тој посочи дека станува збор за проект којшто ќе се реализира со помош на Владата, како дел од вториот повик за користење на средства од унгарскиот заем.

Велковски вели дека дополнително, потпишан е договор за изградба на старечки дом во Кавадарци, а се очекува да се надминат техничките проблеми за да почне со работа старечкиот дом во Пробиштип.

– Вториот кој веќе е распишан од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади на 31 декември е старскиот дом во Кавадарци. Во Пробиштип веќе има проект кој е добиен, но заради технички проблеми се чека за и тој да стане реалност. И уште неколку други се во фаза на разгледување, вели Велковски.

Кога станува збор за домот за стари лица во Штип, потребно е надминување на сите правни елементи со цел граѓаните од трето доба да добијат место каде ќе може да бидат згрижени. Во моментов, објектот кој е изграден до фаза карабина има статус на дивоградба.

– Треба прво да се разрешат тие правни елементи кои не зависат од нас како Министерство, вели Велковски.

Во Источниот планскиот регион, дом за стари лица има само во Берово, но неговиот капацитет не е доволен за граѓаните од регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси
Следна Статија Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска во Софија: Русија и тероризмот остануваат најдиректни закани за безбедноста

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на предавањето во Централниот воен клуб во Софија, изјави дека Русија и…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Декември со високи температури и густа магла во котлините

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти, дека немаме прелевање

Ние се доведовме во ситуација во 21-ви век да зборуваме за елементарни работи. И навистина сето тоа делува помалку и…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?