Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Давкова ги свика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Давкова ги свика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок
МАКЕДОНИЈА

Давкова ги свика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок

Објавено October 24, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Комисијата за помилување составена од шест членови попладнево се состанува со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“. Оваа средба следи по жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, дознава Гласот на Америка на македонски јазик.

Акиф Равмановски еден од водачите на криминалната група „Барон“ од скопски Чаир после еден ден откако беше помилуван повторно се најде зад решетки.

Тој денес беше пуштен од затворот „Идризово“ каде издржуваше казна од 1 година и три месеци заради нелегално поседување на оружје бидејќи беше помилуван од претседателката Сиљановска – Давкова и казната беше заменета со условна. По пуштањето тој е веднаш уапсен.

Равмановски се сомничи за обид за убиство во инцидент кој се случи пред десетина дена во скопски Чаир каде беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец, инаку баран со меѓународна потерница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција распиша потерница за маж и жена со српско потекло: Си го киднапирале сопственото дете од болница кое било во инкубатор
Следна Статија Филков: Помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поради силен ветер не работи жичарницата на Водно

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека Жичницата на Водно денеска не е во функција. Причината за прекинот на работата…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител

Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Земале малку пари: Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите, велат дека не биле променети 25 години

Нотарската комора бара зголемување на дел од тарифите. Нотарите насласуваат дека трошоците им се зголемени, а тарифите покрај тоа што…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Во Пробиштипскиот регион изгореа овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа

Првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е пријавен вчера во 11 часот во атарот…

July 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?