Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречени обиди за шверц на мобилни, парфеми, храна, суплементи, маслиново масло, тутун и живи птици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спречени обиди за шверц на мобилни, парфеми, храна, суплементи, маслиново масло, тутун и живи птици
МАКЕДОНИЈА

Спречени обиди за шверц на мобилни, парфеми, храна, суплементи, маслиново масло, тутун и живи птици

Објавено January 5, 2026 11:59
Сподели
Сподели

Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици.

Во продолжение детали:

На граничен премин Табановце царинските службеници во три случаи запленија 500 пакувања суплементи, автоопрема, алати за градежни работи и друга специјализирана скапа опрема со вкупна вредност од над 1,2 милиони денари. Со ова е спречен обид за избегнување плаќање давачки од 428 илјади денари.
Во други три случаи царинските службеници на граничниот премин Деве Баир при преглед на автомобили и автобус спречија и обиди за шверц на над 130 парфеми, меѓу кои и „Армани“, Жан Пол Готје, Марк Џејкобс, Жал Пол Готје. Возачите иако уредно прашани дали имаат нешто да пријават, не пријавиле ништо, по што поради сомневање во нивните изјави извршен е детален преглед при што се пронајдени непријавените производи. Во автобусот производите биле скриени во багажникот, додека во автомобилите парфемите со потпис на познати брендови биле откриени во фабричка шуплина на багажниот простор, во кутија за велосипед, на задните седишта, како и во куфер помеѓу спакувани алишта.

Против сторителите, македонски државјани, се поведени соодветни постапки – во пет случаи прекршочна, а во еден случај покрената е кривична постапка пред ОЈО Куманово.

Инспектори од Одделението за оперативни работи при преглед на возила на граничните премини, во внатрешноста на државата, како и при преглед на стока за увозно царинење спречија повеќе обиди за шверц. Запленети се опрема за спа уреди, поголема количина облека, автоделови, алати, 15 литри за премачкување цитрусни овошја, 234 парчиња козметика за лице и коса, 53 литри масло од црно семе, илјада парчиња лед рефлектори и лед панели кои повредуваат право од интелектуална сопственост, ремени за затегнување стока и други производи за кои сторителите се обиделе да избегнат плаќање давачки кон државата.

Во еден случај откриен во внатрешноста, две лица македонски државјани се затекнати како вршат претовар на стока од автобус во патнички возила, за којашто не поседувале документи ниту доказ за платени увозни давачки. Против сите лица, поведени се соодветни постапки.

Царински службеници од царинарница Гевгелија спречија обиди за криумчарење 2,3 тона банани и 400 литри маслиново масло. Обидот за криумчарење банани е откриен на царинска испостава Гевгелија при контрола на пратка пријавена за увозно царинење, при што е откриено дека поголема количина на банани не се опфатени со царинските документи, со што увозникот се обидел да избегне плаќање давачки. Обидот за шверц на 400 литри маслиново масло е откриен на влез граничен премин Дојран при контрола на возило управувано од германски државјанин.

24 килограми режан тутун без акцизни маркички се пронајдени во багажниот простор на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, при контрола извршена oд царински службеници на излез од царинската испостава Слободна зона Бунарџик.

Царинските службеници на граничниот премин Делчево, во два одделни случаи, при контрола на автомобил и камион, открија обиди за шверц на делови за камиони, 100 литри синтетичко моторно масло, алати, дрон и негови компоненти, фотоапарат и разна друга стока. Сите пронајдени производи се одземени, а против сторителите е покрената соодветна постапка
На граничниот премин Деве Баир на излез од државата царинските службеници открија 103 половни „Ајфон“ и „Блекбери“ телефони што бугарски државјанин сакал да ги криумчари. Телефоните се откриени при претрес на автомобилот со кој патувал во кутија покриена со јакна и ранец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прв поглед кон дизајнот на ликови за Sims Project X – Sims заедница
Следна Статија Ретката британска спортска кола што го инспирира Mazda Miata

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Требаше да прескокаш трупови, за да влезеш во болницата: Брат на повредена во дискотеката на смртта, со потресно сведоштво

Брат на девојче (16) кое е повредено во невидениот пожар во дискотека во Кочани, во кој загинаа најмалку 51 лицe,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Коцевски имаше можност и шанса, за жал, не ги искористи

Не очекуваме од јавниот обвинител да каже „Да, виновен сум, не успеав во својата работа“, истакнува премиерот Христијан Мицкоски како…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?