Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: Со е-фактура повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска Кочоска: Со е-фактура повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Со е-фактура повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија

Објавено January 5, 2026 14:13
Сподели
Сподели

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против сивата економија.

Новиот електронски систем, посочи министерката, ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи.

– Со тоа го намалуваме административниот товар и го поедноставуваме работењето на фирмите. Дигитализацијата и ослободувањето од бројни административни обврски ќе им овозможат на компаниите своите ресурси да ги насочат кон клучните аспекти на нивниот развој и раст. Со Е-фактурата ја правиме економијата пофер, потранспарентна и поотворена за инвестиции, а конкуренцијата ја подигнуваме на повисоко ниво. На овој начин обезбедуваме фер услови за работа и основа за одржлив економски раст, кој директно придонесува за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, за државата, Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците, заснована на точни и реални податоци, како и поцврста и попрецизна борба против сивата економија, рече Димитриеска Кочоска.

Како што појасни директорката на УЈП Елена Петрова, ќе се тестира АПИ интерфејсот за испраќање е-фактури – технички мост што ќе ги поврзува бизнис софтверите со платформата за е-фактурирање и ќе овозможува да комуницираат на директен и стандардизиран начин, што значи е-фактурите да се испраќаат и примаат автоматски.

Објавена е целата техничка документација за АПИ интерфејсот, за да можат деловните субјекти да почнат со прилагодување на софтверските решенија и со техничка интеграција. Со ова е овозможено сите засегнати страни – деловните субјекти и софтверските компании – да почнат и со тестирање на реална размена на податоци со системот е-фактура во контролирана тест околина, што е суштински важен чекор пред продукциската примена на системот, рече Петрова, повикувајќи во пилот фазата да се вклучат активно сите ИТ компании и деловни субјекти.

Покрај јавниот повик, УЈП преку своите тимови за поддршка постепено ќе ги контактира и ќе им дава непосредна помош на сите компании од кои се очекува да бидат вклучени во оваа фаза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро
Следна Статија Мицкоски: Оптимист сум дека Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Објавено е најновото рангирање: Која земја е најиновативна во светот?

Шест од десетте најиновативни земји во светот се европски, но Кина се најде на листата за прв пат, исфрлајќи ја…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јазот се проширува: Внатре во К-образната економија на Доналд Трамп

За време на вториот мандат на претседателот, богатите стануваат поуште побогати, а сиромашните стануваат поуште посиромашни

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Уште се преговара со комерцијалните банки за парите од унгарскиот заем

Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

СпејсИкс поставува зделка за внатрешни акции во вредност од 800 милијарди долари

СпејсИкс напредува со продажба на внатрешни акции што ја вреднуваат ракетната и сателитска компанија на Илон Маск на околу 800…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?