Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Оптимист сум дека Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Оптимист сум дека Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оптимист сум дека Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар

Објавено January 5, 2026 14:17
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски за ТВ21 изјави дека Владата работи на создавање услови за сериозна инвестиција на Попова Шапка и изрази увереност дека овој ски-центар има потенцијал да стане еден од најдобрите туристички центри во овој дел од Европа.

„Станува збор за многу сериозни инвеститори. Работите не секогаш се случуваат толку брзо колку што би сакале, но оптимист сум дека ќе успееме во крајната цел – Попова Шапка да биде најубавиот туристички центар во овој дел од Европа“, изјави Мицкоски за ТВ21.

Тој посочи дека локацијата има значајни предности, меѓу кои и близината до меѓународен аеродром, од каде што за околу 45 минути туристите можат да бидат на ски-стазите. Дополнително, неколку месеци во годината има природен снег, иако, како што рече, временските услови се фактор врз кој државата нема директно влијание.

„Потенцијалот е огромен, но потребен е јасен и прецизен план пред да се влезе во финален договор“, нагласи премиерот за ТВ21, додавајќи дека активностите во таа насока веќе се во тек.

Во однос на можноста за изградба на нова жичара, Мицкоски за ТВ21 потврди и дека се разгледува таква опција, но појасни дека таа не би се градела по трасата на старата жичара од Тетово.

„Се разгледува нова локација, но за деталите ќе зборуваме кога ќе дојде време“, изјави тој.

Прашан за контролата и зачувувањето на просторот на Попова Шапка, премиерот истакна дека се разговара и за тие прашања и упати јасен апел против дивоградбите.

„Апелирам да не се случуваат диви градби, затоа што државата има механизми да го спречи тоа“, порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска Кочоска: Со е-фактура повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија
Следна Статија Тошковски: Не е украдена камера на „Безбеден град“ во Сарај, тоа се лажни вести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“

Општина Карпош ја информира јавноста дека од денеска со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување…

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на…

December 10, 2025
Blog

Мицкоски: Стратегијата СМАРТ/МК 2030 го обликува патот на дигиталната трансформација на Македонија

Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030 е визија, но и јасен план. Таа е одговор на реалните…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?