Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Децата од Бадниковите поворки ја пееја „Вечниот Бог“ во Соборниот храм и се сретнаа со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Децата од Бадниковите поворки ја пееја „Вечниот Бог“ во Соборниот храм и се сретнаа со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
МАКЕДОНИЈА

Децата од Бадниковите поворки ја пееја „Вечниот Бог“ во Соборниот храм и се сретнаа со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Објавено January 6, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Дел од учесниците на Бадникови поворки 2026 претпладнево традиционално остварија свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во Соборниот храм тие ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање.

Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за верата, љубовта и духовната радост – вредности што Бадниковите поворки ги негуваат и пренесуваат веќе 16 години.

фото: Бадникови поворки

Како што посочуваат организаторите на Бадниковите поворки, оваа средба уште еднаш ја потврдила длабоката врска меѓу духовното наследство, народната традиција и новите генерации.

Посетата кај Архиепископот претставува духовен вовед во централната Бадникова манифестација, која денеска се одржува на Плоштад „Македонија“ во Скопје, како и во уште 80 градови и населени места низ земјава и во македонската дијаспора.

фото: Бадникови поворки

Почетната точка на поворката во Скопје е Музејот на Град Скопје, од каде што точно во 12:00 часот ќе тргне најголемата Бадникова поворка. Пред почетокот, на оваа локација бесплатно ќе бидат поделени божикни ѕвезди и уметнички магнети, како симболичен подарок за секое дете и семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кај и да си, за Бадник дома да си
Следна Статија Тројца тинејџери од Скопје украле книги од Државниот архив на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Црн чад над Скопје, гори депонијата во Шуто Оризари

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Донев: На Дамева не ѝ беше местото таму

Проблемот кај нас е што оние реформи што ги предложи ЕУ за судскиот совет, сето тоа бара промена на Уставот.…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето

Летното сметање на времето ќе заврши в недела, 26 октомври 2025 година. Тоа значи дека во 3 часот по полноќ…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен

Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?