Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
МАКЕДОНИЈА

МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила

Објавено January 7, 2026 16:26
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството.

„Во однос на објавените фотографии, МВР ве известува дека се преземаат соодветни мерки и активности, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, наведуваат од Министерството.

Фотографиите, кои се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа бурни реакции. На нив се гледа свештеник кој врши верски обред и осветување на службени возила, додека присутни се и полициски службеници.

Дел од граѓаните го оправдуваат чинот, истакнувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување на возила, додека други реагираат дека ваквата практика е спротивна на принципот на секуларност и дека државните институции мора да останат верски неутрални.

Дебатата го отвори прашањето за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на јавните институции, како и потребата од јасни правила и одговорност во јавниот простор.

Од МВР најавуваат дека по завршување на истрагата, јавноста ќе биде дополнително информирана.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет
Следна Статија УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни

Истрагата за пожарот во Кочани, мора да заврши до средината на идниот месец. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во интервју…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како се избира градоначалник во прв круг?

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска

Податоците од хидролошките станици низ земјава укажуваат на сеуште исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението,…

February 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?