Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Евакуација во Кичево, излеани реки, поплави и потешкотии во сообраќајот во повеќе региони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК: Евакуација во Кичево, излеани реки, поплави и потешкотии во сообраќајот во повеќе региони
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Евакуација во Кичево, излеани реки, поплави и потешкотии во сообраќајот во повеќе региони

Објавено January 8, 2026 10:59
Сподели
Сподели

Обилните врнежи од дожд во текот на изминатите 24 часа предизвикаа поплави во повеќе региони низ земјава. Во Кичево веќе е извршена евакуација на население, додека реки се излеваат во Гостиварскиот и Охридскиот регион, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Општина Кичево, поплавите на улицата „Прилепска“ принудија евакуација на околу 100 лица. Граѓаните се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде екипи на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување веќе обезбедија храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.

Во Кичево е излеана Зајашка река кај стадионот „Влазрими“, додека реката Треска поплави земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци и Вранешти.

Во Општина Охрид, реката Далјан е излеана од своето корито на повеќе места. Поплавени се голем број куќи, подруми и дворови низ градот. Од ЦУк велат дека кризниот штаб е на терен и ги координира спасувачките активности.

Патот меѓу селата Форино и Тумчевиште во Општина Гостивар е речиси непрооден. Лакавичка река се излеа кај селото Мало Турчане, а Сушечка река во Горна Бањица.

Синоќа од ЦУК информираа дека поради обилните врнежи од дожд повторно дошло до свлечиште на патот кон тетовското село Бањиче, поради што се апелира до граѓаните да не патуваат преку оваа делница.

Поради енормното зголемување на водостојот на реките и поплавените домови во Битолскиот и Преспанскиот регион, во 9 часот е свикан итен состанок на Кризниот штаб на Општина Битола на кој се утврдуваат приоритетите и координација на активностите на терен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Амазон обвинет дека списува производи од независни продавници без дозвола
Следна Статија Иран ги набљудува протестите во Венецуела како одраз на сопствените предизвици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa

„Отворањето на новата поставка во Националниот археолошки музеј не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?