Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода
ПОЛИТИКА

ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода

Објавено January 8, 2026 11:57
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и остро реагира на фотографиите објавени од паркингот на Министерството за внатрешни работи, на кои се гледа осветување на новите службени полициски возила. Според партијата, ова не е „традиција“, туку, како што велат, јасно кршење на принципот на секуларна држава.

-Обредот не е извршен во приватен простор или верски објект, туку во полицискиот двор, на службени државни возила, во рамките на институција за јавна безбедност. Таквото дејствие е целосно неприфатливо во држава која е секуларна по Устав и со мултиетничка и мултиконфесионална реалност. Полицијата на Република Северна Македонија е државна институција која мора да им служи на сите граѓани подеднакво, без оглед на етничката припадност и верата. Таа не припаѓа на ниедна религија и не смее да создаде перцепција дека постои доминантна религија или „официјална религија“ во рамките на државните институции, посочуваат од ДУИ.

Според партијата, кога државните простори и средства се користат за ритуали само од една вера, пораката до другите е исклучувачка и опасна: дека јавните институции се идентификуваат со една религија, потценувајќи ги и исклучувајќи ги другите.

-Ова не е невина симболика, ова е институционализација на религијата и директно кршење на Уставот. Особено е навредливо што овие возила се купени со парите на сите даночни обврзници и ќе ги користат полицајци од различни вери. Никој нема право да ги „обележува“ јавните институции со симболиката на една вера. Државата е заштитена со закон и Устав, а не со осветената вода на свештеникот, потенцираат од партијата на Али Ахмети.

ДУИ бара итно јавно разјаснување кој го одобрил обредот, врз која законска основа и за која цел и исто така бара институционална одговорност за секој функционер кој дозволил или не спречил користење на државни простори и средства за верски ритуали.

ДУИ ја почитува слободата на верување и религиозно изразување на секој поединец, но слободата на верување не значи узурпирање на државните институции. Полицијата треба да им припаѓа на сите, а не на еден етникум, а не на една религија, кршејќи го Уставот, стои во партиското соопштение од „Мала Речица“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Lakers Triumphираат со Впечатлив Триумф над Pelicans
Следна Статија Babau: The Sludge of the Land Album Review – Pitchfork

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на…

April 6, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Не помина интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ

Собранието со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи…

January 10, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ го цинкари Уставниот суд кај дипломатите

Лидерот на опозициската ДУИ го обвинува Судот пред странските претставници дека носи етнички одлуки, врши мајоризација, веќе го укинал „балансерот“,…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?