Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годишната инфлација лани изнесувала 4,1 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Годишната инфлација лани изнесувала 4,1 отсто
ЕКОНОМИЈА

Годишната инфлација лани изнесувала 4,1 отсто

Објавено January 8, 2026 15:35
Сподели
Сподели

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 проценти, а индексот на цените на мало од 3,6 проценти.

Движењето на индексот на трошоците на живот во 2025 година се разликува кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2 проценти, Рекреација и култура за 6,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 5,2 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6 проценти, Разновидни стоки и услуги за 3,7 проценти, Облека и обувки, Здравје за 3,1 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8 процент, Комуникации за 1,3 процент, Транспорт за 0,8 проценти и Образование за 0,1 проценти.

ДЗС појаснува дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5,8 проценти, Рекреација и култура за 0,8 проценти, Здравје за 0,7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Ресторани и хотели за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти.

Во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.
ДЗС соопшти дека индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на декември 2024 година бележи зголемување од 4,1 процент, а кај индексот на цените на мало има пораст од 3,7 проценти.

Индексот на цените на мало во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година изнесуваше 101,9, наведува ДЗС

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нова детска градинка во Гевгелија, нашиот приоритет е просемејната политика и грижата за најмладите
Следна Статија Филипче: Техничката влада мора да остане

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените

Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница.…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

На 15 септември почна најголемата финансиска криза во модерната економија

На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Можно е лебот повторно да поскапи, предупредуваат мелничарите

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?