Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

Објавено January 8, 2026 15:52
Сподели
Сподели

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме пратенички групи во Собранието, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска рече дека нема да оди на лидерската средба и дека партијата сака да остане техничката влада.

Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие можевме и без лидерска средба – рече премиерот Мицкоски.

Сакавме да поразговараме и за реформските закони, кои исто така треба да се донесат во Парламентот, додаде Мицкоски.

Да разговараме за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и за другите реформски закони од правосудството, како Законот за јавнообвинителска и судска служба, за Законот за Советот на јавни обвинители. Сакавме да разговараме и за народниот правобранител. Има многу закони кои ценев дека треба да се донесат во инклузивен процес – рече Мицкоски.

Ќе повторам, додаде тој, нам апсолутното мнозинство ни овозможува тоа да го направиме и без консултации.

Имаме неодговорна, неконструктивна опозиција, безидејна, која се служи со вакви квалификации какви што слушнавме од Филипче. Ваквиот тип однесување во јавноста е составен дел од неговиот менаџерски договор што го потпишал со СДСМ, па претпоставувам дел од обврските од тој договор се ваквите коментари за Владата и одбивањето на ваквите средби. Но, тоа е негов избор – рече премиерот.

Тој додаде дека денеска или утре формално ќе бидат доставени поканите за средбата која е планирана да се одржи на 14 јануари во Клубот на пратеници.

Збунувачки се пораките од опозицијата, до скоро тие бараа лидерска средба. Велат дека се за интегрирање во ЕУ, зборуваме за реформските закони, а тие бегаат од средбата. Навистина збунувачко и нејасно однесување, но тоа е што е. Ние ќе работиме во интерес на граѓаните, ќе градиме, ќе сториме сè што е наша моќ да ги придвижиме процесите напред, а тие одбрале да тонат во своето политичко опозициско мочуриште – рече премиерот Христијан Мицкоски денеска во Гевгелија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Техничката влада мора да остане
Следна Статија Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити до Ахмети: Со веќе позната реторика подготви се уште долги години во опозиција

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се подготви за уште долго…

November 2, 2024
ПОЛИТИКА

„Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија. „Драги луѓе, Зелен хуман град…

August 4, 2025
ПОЛИТИКА

Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од НАИ: Се проширува ли владејачкото мнозинство по јануари?

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на Вреди, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?