Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина

Објавено October 25, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот и корупцијата на новата влада истакна дека општоприфатено во јавноста е дека досегашните реализирани постапки и акции се повеќе од професионално спроведени низ целосниот институционален процес и очекува да ги има што повеќе во иднина.

-Основната задача на МВР и на Владата е борбата против организираниот криминал и висока корупција. Со цел да може да прикажеме вистинска борба со организираниот криминал и корупција. Досега се нема случено за два дена во две акции во едната да бидат уапсени над 10 државни службеници коишто вршеле злоупотреба на службена положба и овластувања и ги рекетирале своите граѓани, а веќе следниот ден да биде уапсена друга организирана криминална група која се занимавала со нелегална трговија со луѓе и други дела при што беше одреден притвор за тринаесет луѓе. За кратко време како МВР успеавме да реализираме оперативни дејствија и да креираме круцијална борба против организираниот криминал, дециден беше министерот Тошковски.

Запрашан за најавуваните случаи за големи криминали од функционери на минатата власт, Тошковски истакна дека дејствијата коишто МВР ги презема граѓаните имаат право да ги знаат во оној момент кога степенот на сомнение биде на соодветно ниво коешто ќе се процесуира во насока на соодветни акти кон Јавното обвинителство и Судот, а притоа нема да може да ја загрози истрагата.

Има огромен број на докази коишто македонските граѓани ќе ги видат процесуирани во соодветни постапки таму каде ќе има соодветни докажувања за елементи на сторени кривични дела. А такви ќе има многу. За да имаме законити постапки, и да ја оствариме целта која е во интерес на македонските граѓани, мораме да постапуваме согласно законите и во рамки на едни темелни истраги и процеси кои интензивно се работат да ги доведеме процесите до крај, нагласи министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Метални честички во Кока Кола, повлечени над 28 милиони шишиња
Следна Статија (Видео) Некој му ја згазна ногата на Лавров на самитот, снимката што ја објави Киев стана вирална

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на терен, ќе се помага на компанијата Макпрогрес

Стопанската комора соопшти дека вчера активно се вклучила во напорите за гасењето на пожарот во фабриката Макпрогрес во Виница, била…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Санацијата во завршна фаза: За неколку часа стабилизација на водоводната мрежа во Скопје

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Целосно обновен подот каде вежба балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

Го обновивме целосно подот каде вежба балетот, кој е по наjвисоки светски стандарди и има соодветна амортизација за избегнување на…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?