Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ се предлози на претседателката Сиљановска Давкова за членови на Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ се предлози на претседателката Сиљановска Давкова за членови на Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ се предлози на претседателката Сиљановска Давкова за членови на Судскиот совет

Објавено January 9, 2026 17:08
Сподели
Сподели

Материјалите „Предлог за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска за член на Судскиот совет на Република Македонија“ и „Предлог за избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ за член на Судскиот совет на Република Македонија“ се доставени до Собранието.

Со тоа, претседателката Гордана Силјановска-Давкова ги избра своите двајца кандидати за членови на Судскиот совет. Професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска се имињата кои од Кабинетот на претседателката се упатуваат кон Собранието, каде што треба да започне постапката за нивен избор.

Овој потег следи по претходната најава на Силјановска-Давкова дека ќе ги достави своите предлози дури по усвојувањето на законските измени, инсистирајќи на избор на истакнати жени од областа на правосудството.

Станува збор за кандидатки со долгогодишно професионално искуство. Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка која академската кариера ја градела на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на приватниот МИТ Универзитет, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување. Сузана Јошевска-Анастасовска е истакната адвокатка со долгогодишна пракса, особено препознатлива по својата работа на кривични предмети.

Предлозите доаѓаат по усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, кој носи значајни измени насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста. Законот предвидува јавност во постапката за разрешување на претседателот на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“, јавна расправа при изборот на не-судиски членови, како и зајакнување на критериумите за одговорност и дисциплинска постапка за членовите на Советот и за судиите.

Судскиот совет брои вкупно 15 членови, од кои осум ги избираат судиите од своите редови на непосредни избори, тројца ги избира Собранието со Бадентерово мнозинство, двајца ги предлага претседателот на државата, додека двајца се членови по функција – претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои присуствуваат на седниците, но немаат право на глас.

Се очекува предлозите на претседателката Гордана Силјановска-Давкова веќе од понеделник да влезат во собраниска процедура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетничка со месеци преживувало хорор, 17 насилници ја силувале и ја уценувале
Следна Статија Трамп ни го врати името, ја избриша придавката Северна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири од дивата депонија лоцирана сред град.Кичевчани тврдат дека…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден. „Во овие светли денови на…

April 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со јачина од 3,1 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возило ќе се одзема на секој што ќе вози без возачка и нема враќање – ќе се подарува

Измените на законот за безобѕирно управување на мотортно возило, предвидуваат и одземање на возило. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?