Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК: Излезеноста до 13 часот е 8,89 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК: Излезеноста до 13 часот е 8,89 отсто
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 8,89 отсто

Објавено January 11, 2026 15:19
Сподели
Сподели

Излезеноста на гласачите до 13 часот на повторените избори за градоначалник во четирите општини изнесува 8,89 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК).

По општини, најголема излезеност има во Маврово-Ростуше каде што до 13 часот гласале 10,03 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Следуваат Општина Врапчиште со излезеност од 9,58 проценти, Гостивар со излезеност од 8,73 отсто и Центар Жупа со излезеност на гласачите од 6,61 отсто.

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска, на попладневната прес-конференција направи споредба на излезеноста до 13 часот во четирите општини на денешното и на гласањето во првиот круг од локалните избори во октомври минатата година. Само во Општина Врапчиште има зголемена излезеност на денешното гласање во однос со тоа на 19 октомври лани. Во останатите три општини има намалена излезеност.

„Излезеноста во Врапчиште во 2025 година во 13 часот излезеноста изнесувала 7,23 отсто што значи дека сега има зголемување од 2,35 проценти во однос на излезеноста. Во Гостивар во 2025 година во 13 часот излезеноста била 11,66 проценти што значи намалување на излезеноста од 2,92 проценти во споредба со денес. Во Маврово-Ростуше во 2025 година во 13 часот излезеноста била 14,45 проценти односно се забележува намалување од 4,42 проценти. Излезеноста во Центар Жупа во 2025 година во 13 часот била 11,97 проценти што значи намалена излезеност од 5,36 проценти споредено со денешниот ден“,изјави портпаролката на ДИК.

Гласањето на сите избирачки места се одвива непречено освен на избирачкото место 0782 во Ќафа, Гостиварско, кое сè уште не е отворено. Поради лошите времнски услови, избирачкиот одбор не успеал да стигне и да го отвори ова избирачко место. Со оглед на тоа што се поминати повеќе од три часа од неотворањето на ова избирачко место, како што соопштија од ДИК, согласно Изборниот законик, таму нема да има гласање.

„Во сите останати избирачки места каде што добивме информација дека не се отворени на време, задоцнувањето било или до еден час или нешто повеќе од еден час. Согласно одредбите на ИЗ, таму каде што задоцнувањето или прекинот на гласањето е до еден час, гласањето на тие избирачки места не продолжува, туку завршува во 19 часот. Во останатите избирачки места каде што задоцнувањето или прекинот на гласањето е повеќе од еден час, а помалку од три часа, гласањето продолжува за толку колку што траел прекинот“,соопштија од ДИК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Злоупотреба на вештачката интелигенција: Грок се користи за дискриминација и навреда
Следна Статија Почина бебе во Шуто Оризари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ во емисијата „Трилинг“ остро говореше за состојбите во македонското судство, оценувајќи дека клучниот проблем…

January 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе одлучува за Савески за државен јавен обвинител

Собранието на Македонија во среда, на 18 март, ќе одржи седница на која треба да се гласа за избор на…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?