Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот
МАКЕДОНИЈА

Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот

Објавено January 12, 2026 14:32
Сподели
Сподели

Спикерот на Собранието, Африм Гаши, денеска на брифинг со новинарите изјави дека ги повикал координаторите на пратеничките групи да постигнат договор за изборот на Народен правобранител, со цел да се избегне дополнително одолговлекување на постапката.

„Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител и да најдеме решение. Немаше забелешки, никој не беше против, но ќе треба разговори во меѓувреме. Се надевам дека набрзо ќе дојдеме до решение. Никој не го оспорува името на кандидатот“, изјави Гаши.

Тој предупреди дека започнување нова постапка би значело дополнително одолговлекување и неизвесност.

„Ако почнеме нова процедура, уште толку ќе трае, а нема гаранција како ќе заврши, бидејќи не знаеме кој би се пријавил на нов оглас. Влегувањето во таков процес го ризикува целиот избор“, рече спикерот.

Според Гаши, решението мора да произлезе од политички разговори меѓу координаторите на пратеничките групи.

„Од страна на Собранието, постапката е завршена – точката е на дневен ред. Штом има договор, веднаш ќе свикам седница и ќе се гласа. Ги повикувам пратеничките групи да се договорат“, нагласи тој.

Тој додаде дека институцијата веќе е блокирана и дека нова постапка би создала сериозни проблеми.

„Веќе сме во јануари и институцијата е без раководство. Ако одиме со нов оглас и нова постапка, тоа ќе биде голем проблем. Прашањето е дали навистина сакаме да го решиме проблемот – времето нè притиска“, рече Гаши.

Спикерот информираше и дека доколку актуелниот кандидат се повлече, постои можност од веќе пријавените кандидати да се избере нов предлог за Народен правобранител, без распишување нов оглас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина
Следна Статија Трамп: Одбраната на Гренланд е две кучиња и санка!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Данела го демантира Латас: Никогаш немале директен или индиректен контакт

Градоначалничката на Град скопје, Данела Арсовска демантира дека му нудела пари на познатиот новинар Драган Павловиќ Латас за уривање на…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила

МВР излезе со детали за тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера на патот Прилеп-Битола, при што три лица загинаа,…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Снежно утро во Скопје (ФОТО)

Скопјани беа пријатно изненадени кога се разбудија утрово и видоа дека паѓа снег. Снегот се уште паѓа иако е мала…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Илиевски: Јанкулоска немаше фер судење, има основа за кривично гонење на судијата

Очекував Европскиот суд за човекови права да испрати известување до Владата бидејќи беше очигледно уште во постапката пред Основниот суд,…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?