Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трифонов ни се закани: Ќе ја гледате ЕУ низ „крива макарона“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Трифонов ни се закани: Ќе ја гледате ЕУ низ „крива макарона“
БАЛКАН

Трифонов ни се закани: Ќе ја гледате ЕУ низ „крива макарона“

Објавено January 13, 2026 14:06
Сподели
Сподели

Бугарите влегоа во неформална политичка кампања и се фатија за Македонија. Денес лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, ни се закани дека ќе ја гледате ЕУ „низ крива макарона“. Тој го искористи случајот со човекот што го скрши прозорецот на бугарската амбасада во Скопјe за да прати порака до Македонија.

„Не знам дали знаете, но некое лице во Северна Македонија се приближило до влезната стаклена врата на бугарската дипломатска мисија во Скопјe, го скршило стаклото и си заминало. Тоа било снимено на безбедносни камери. Можеби ќе си речете: што по ѓаволите – едно стакло. Па, да, но прашањето не е за скршеното стакло, туку за ставот. Обично сакате да го скршите стаклото на оној што не го сакате, или едноставно го мразите.

Пред многу години бев во Скопјe и никогаш нема да заборавам како стапнав кога видов пред бугарската амбасада, на спротивниот ѕид, огромен натпис со големи црни букви: ‘Бугари умрете’. Ништо не се променило од тогаш. Раскажани се многу приказни, направени се многу обиди, и тоа е тоа. ‘Бугари умрете’ стои и Македонците не се во можност да го избришат.
Па, добро. Ако не сакате – во ред. Мудриот бугарски народ има соодветна поговорка: ‘Не можеш да направиш убавина со сила’. Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни написи, ќе кршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате дека имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на Сончев Брег по море ако е можно, ќе ги праќате вашите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската унија низ искривена макарона. Бидејќи, објективно кажано, токму тоа го заслужувате. Не успеав да кажам дека во ова време ќе продолжам со големо задоволство да пеам бугарски народни песни од Пиринскиот крај“, напиша Трифонов на социјалните мрежи.

Вчера и од бугарската Фондација „Македонија“, која единствено што прави е што дава пари на тие што сакаат да станат Бугари во регионот, се жалеа дека двајца нивни членови биле спречени да влезат во Македонија и да присуствуваат на одавање почит на Мара Бунева, „само затоа“ што носеле постер на кој пишувало „Бугарската крвава коледа“, настан од историјата во 1945 година во кој, како што тврдат, биде убиени илјадници луѓе што се изјаснувале како Бугари во Македонија, кој овде никој не го признава дека се случил тогаш и во таков обем. Првиот човек на фондацијата се закани дека цела Северна Македонија, како и просторот пред канцеларијата на Мицкоски ќе бидат облепени со постери „Бугарска крвава коледа“, а ќе ги има и на билборди. Неговите закани не ги пренесуваат ни бугарските медиуми. На панихидата пак за Мара Бунева утрово во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје се собраа „дури“ тројца.

Инаку, МВР денес го потврди настанот на границата соопштувајќи дека 47-годишен бугарски државјанин е лишен од слобода и протеран од Македонија откако вчера се обидел да влезе во земјава носејќи недозволени предмети. Инцидентот се случил на граничниот премин Деве Баир. Полициски службеници, во содејство со царината, извршиле преглед на возило „хонда џез“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Н.И.Л. (47). При контролата, во автомобилот биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина. Лицето веднаш било изведено пред Основниот суд во Крива Паланка, кој му изрекол парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година. Рано утрово, во 2,10 часот, Н.И.Л. е спроведен до граничната линија и предаден на бугарските погранични служби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари
Следна Статија Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хрват ги презема претседателските должности на Додик

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), кој е Хрват, ги презеде претседателските должности наместо неформалниот лидер на тој ентитет,…

September 20, 2025
БАЛКАН

Демократската партија поднесе кривична пријава против Вучиќ за употреба на звучен топ

Претседателот на српската Демократска партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ денеска до Обвинителството за организиран криминал поднесе кривична пријава против српскиот претседател…

April 23, 2025
БАЛКАН

Интерпол наскоро распишува потерница за Милорад Додик?

Претседателот на Република Српска , Милорад Додик, кој беше осуден со правосилна пресуда пред Судот на Босна и Херцеговина за…

March 26, 2025
БАЛКАН

Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани

Во новата 2025/2026 учебна година, што во Албанија почна денеска, за првпат во ученичка клупа, во општина Пустец, седнаа девет…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?