Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Техничката влада мора да остане
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Техничката влада мора да остане
ПОЛИТИКА

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Објавено January 13, 2026 17:13
Сподели
Сподели

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.

1.Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели.

2.Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата.

3.Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата, со Законот за полиција се оди кон целосна партизација на МВР.

4.Во земјоделството видовме што се случи со ИПАРД 3, директор кој е поставен од ВМРО беше уапсен за корупција и проневера на европските пари. Тоа е уште една причина зошто мора да има техничка влада.

5.Легализацијата на масовен надзор со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењата на граѓаните а за тоа се уште нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби за следење на граѓаните или опозицијата за време на кампањата.

На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.

Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.

Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Речиси 2.000 лица убиени во протестите во Иран
Следна Статија (ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит. Значи, не само што…

April 19, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое…

March 26, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Дојран треба да се приклучи на бранот на победата

Вечерва во Нов Дојран ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја побараа поддршката од граѓаните, за вториот круг од изборите, на мини-митинг. На…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Анкети: ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 отсто, СДСМ е на 8,6

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите во Клубот на пратеници презентираше податоци од три анкети. Според…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?