Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори
ПОЛИТИКА

СДСМ: Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори

Објавено January 14, 2026 13:02
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска јасно порача дека укинувањето на техничката влада значи директен удар врз можноста за фер и демократски избори.

„Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори“, истакна Димитријевиќ.

Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија, додадае тој.

Димитријевиќ предупреди дека во услови на целосна партизација на институциите, техничката влада е неопходна.

„Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата.Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата.Се злоупотребуваат парите во земјоделието.Масовниот надзор со 65 илјади камери нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби.“ потенцираше Димитријевиќ.

Во вакви услови е јасно дека „не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт“.

„Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку услови за фер избори“, нагласи тој, додавајќи дека „СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршниот директор на Abivax вели дека големите фармацевтски компании не можат да го игнорираат неговиот експериментален лек
Следна Статија Акции за следење во понеделник: Преглед на Capital One, UnitedHealth, Walmart, Exxon

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за…

December 8, 2024
ПОЛИТИКА

Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска

Убиството на Росица не смее да биде заборавено. Убиството бара одговори, бара одговорност и будност и голема сериозност на институциите,…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Прилеп, одржан во рамки на изборната…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Членови на ДУИ ќе кампуваат пред Уставен до среда, ќе го бранеле албанскиот јазик

Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?