Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС
СПОРТ

Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС

Објавено October 25, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Лионел Меси во Интер Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те тимови на МЛС, покажуваат податоците објавени од Синдикатот на фудбалери без да се земат предвид спонзорските договори.

Меси, кој ја освои светската титула со Аргентина, ќе заработи 20.446.667 долари (околу 18.892.925 евра), откако Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната.

Со 41. 700.000 милиони долари, целиот тим на Мајами е значително поскап од кој било друг во лигата.

Следува Торонто со 31.800.000 долари и двата тима од Лос Анџелес. Галакси издвојува 22.100.000 долари за плати, а ЛАФЦ 22.000.000 долари.

Освен споменатите четири екипи, сите фудбалери на тимовите од Нешвил (21.900.000), Синсинати (21.000.000) и Хјустон (20.500.000) заедно заработуваат повеќе од Меси, објави Синдикатот на фудбалери.

Соиграчот на Меси, Серхио Бускетс е втор во МЛС по основна плата. Таа изнесува 8.500.000, а со бунусите неговата плата може да нарасте до 8.800.000. Крилниот напаѓач на Торонто Лоренцо Инсиње добива 7.500.000 годишна плата, со бонусите таа може да нарасте до 15.400.000 долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра
Следна Статија Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Комесарот на Биг 12 ја критикува Notre Dame во врска со играта и конференциските тензии

Спортски конфликт меѓу високи раководители во американскиот универзитетски спорт

December 11, 2025
СПОРТ

Клоп: Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, испрати порака до навивачите на „Црвените“ и застана во одбрана на 22-годишниот Флоријан Вирц,…

October 13, 2025
СПОРТ

Савовски: Дуелот со Грција е еден од најважните летово

Македонската одбојкарска репрезентација од попладнево е во Атина, а утре го игра квалификацискиот дуел за Европското првенство против Грција. „Црвено-жолтите“…

August 12, 2025
СПОРТ

Погледнете го тренингот на Тајсон во пресрет на мечот: Вака не се движи нормален 58-годишник (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) денеска влезе во рингот и тренираше пред публиката пред егзибицискиот меч против инфлуенсер-боксерот Џејк Пол…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?