Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети
БАЛКАН

Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети

Објавено January 14, 2026 18:17
Сподели
Сподели

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, упати јасно предупредување дека Владата повеќе нема да дозволи блокирање на царинските служби на граничните премини. Во изјава за грчките медиуми, тој нагласи дека блокадите на земјоделците предизвикуваат сериозни последици по државната економија.

Хрисохоидис истакна дека државата покажала голема толеранција во изминатите 40 дена, но дека ситуацијата со стотиците илјади тони производи кои не можат да поминат е неодржлива.

„Нема шанси повторно да се затвори царинска служба и тоа го нагласувам јасно. Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската Унија, но не е само тоа, главно е дека се попречува функционирањето на економијата, се попречува работењето на бизнисите кои бараат снабдување со производи, со суровини, гориво и слично. Ова не може да продолжи. Обесштетувањата што ќе се побараат ќе бидат огромни“, изјави Хрисохоидис.

Протестите на земјоделците започнаа кон крајот на ноември и ги зафатија граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција. Иако тракторите остануваат на патиштата, земјоделците веќе формираа делегација која треба да се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис за да се најде решение за нивните барања.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грипот ја зеде првата жртва годинава – почина жена на Инфективна клиника
Следна Статија Несудениот амбасадор на Трамп во Србија умре од срцев удар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени

Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени, случај што предизвика…

February 21, 2026
БАЛКАН

Падна Владата во Романија: Парламентот изгласа недоверба

Романскиот парламент изгласа недоверба на владата на премиерот Илија Болојан, со што ја собори проевропската влада и отвори нова политичка…

May 5, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција

Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето…

January 26, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Некои земји во Европа силно лобираат против Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека постојат земји во Европа кои силно лобираат против интересите на Србија.…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?