Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери
МАКЕДОНИЈА

Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери

Објавено January 15, 2026 17:35
Сподели
Сподели

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт.

Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата.

На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти.

Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање на нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти, потенцира вицепремиерот Николоски.

На средбата на која уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД, се разговарше и за стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата како и процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за подршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Ангела Агелер во текот на својот мандат, како искрен пријател на Македонија.

Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер, преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори
Следна Статија Стразбур ќе ја разгледува жалбата од уставната судијка Елизабета Дуковска чиј избор го поништи Управниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Сашенка Тодоровска, ќерката на еден од најголемите македонски актери – Гоце Тодоровски, со потресна објава ја разбуди јавноста и ја…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?