Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хемичарот Панче Наумов стана член на Европската академија на науките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хемичарот Панче Наумов стана член на Европската академија на науките
МАКЕДОНИЈА

Хемичарот Панче Наумов стана член на Европската академија на науките

Објавено January 16, 2026 12:06
Сподели
Сподели

Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences) и тоа во Одделението за хемија. Наумов за МИА вели за членство во Европската академија на науки бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД, а неговата номинација била поддржана од научници од Франција и Финска.

Наумов е роден во Штип, во моментов е универзитетски професор на Универзитетите „Њујорк“ и „Њујорк Абу Даби“. Тој веќе е член на две други Академии на науки – надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и полноправен член на Националната академија на Обединетите Арапски Емирати. Исто така е Редклиф визитинг професор на Универзитетот „Харвард“ во САД. Наумов е македонски истакнат хемичар и научник, по потекло од Штип, којшто долги години работи во странство. По завршувањето на студиите по хемија на Институтот за хемија при ПМФ, со спонзорство од јапонската Влада, Наумов се запишува на докторски студии во Токио, Јапонија, каде докторирал во 2004 година на хемија и наука за материјалите. По докторирањето работел во јапонскиот Институт за наука за материјалите, а потоа и во универзитети во Осака и Кјото. Во 2012 година преминува на Универзитетот „Њујорк“, каде сега работи во нивните кампуси во Њујорк и Абу Даби.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамповата администрација ги врати грантовите за ментално здравје и зависности
Следна Статија Веризон го реши прекинот во услугата и ќе додели кредити на засегнатите корисници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија се гради по 7 години пустош и понижување

Денеска е посебен ден овде во Свети Николе и навистина денот сакавме покрај тоа што го предвидовме како дружење со…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Велигденски празници ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера

Претстојните велигденски празници и продолжениот викенд ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера. Исполнетоста на хотелските капацитети се очекува да биде 60…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не постои збор да се искаже болката: Објавени се имињата на жртвите од дискотеката „Пулс“

Министерството за здравство штотуку ги соопшти имињата на загинатите во трагедијата што во неделата се случи во Кочани во дискотеката…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?