Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија регистрираше земјотрес денес во 11:28 часот, со епицентар во соседна Албанија, на 155 километри југозападно од Скопје. Земјотресот имаше Рихтерова локална магнитуда ML 3.8.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошката опсерваторија ги следи сите податоци за сеизмичката активност и апелира на мир и внимание.