Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето
ЗДРАВЈЕ

Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето

Објавено January 16, 2026 12:45
Сподели
Сподели

Лекарската комора на Република Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а сè со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи, се нагласува во денешното соопштение.

Докторите секојдневно се соочуваат со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад. Кардиоваскуларните заболувања, малигните болести, хроничните белодробни состојби и бројни други здравствени проблеми, директно или индиректно се поврзани со пушењето и претставуваат сериозен товар и за поединецот и за здравствениот систем, истакнуваат од Комората.

Следејќи ги добрите европски практики, како што се подвлекува во соопштението, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, значително ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници на овие производи – особено кај младите – ефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање здрава животна и работна средина.

Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси. Веруваме дека доследното почитување на законските ограничувања ќе резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество. Лекарската комора останува подготвена активно да учествува во креирање на јавна свест за опасностите од употребата на никотински и тутунски производи, како и да даде поддршка за мерките што водат кон поздрава, побезбедна и посовесна заедница, потенцираат од Комората.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР предупредува: Лажни пораки за пратки стигаат на телефон – не ажурирајте податоци!
Следна Статија Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо отворено да ги искажат своите грижи и чувства,…

August 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и…

April 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20 проценти, еден имаше од трет степен, вели докторка од Солун

Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на…

March 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Македонецот Иво Бошкоски од болницата „Џемели“ во Рим дел од тимот што го освои престижниот истражувачки натпревар ERC Synergy Grant 2025

Доктор Иво Бошкоски, Македонец од Тетово, кој е професор по гастроентерологија на Одделот за медицина и транслациона хирургија и високо…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?