Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска

Објавено January 17, 2026 16:24
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 оцени дека минималната плата во Македонија е ниска и не обезбедува услови за пристоен живот, особено за семејствата кои егзистираат исклучиво од вакви примања.

Според Миноски, неопходно е да се изнајдат решенија кои истовремено ќе придонесат за зголемување на животниот стандард на работниците и за подобрување на нивната вкупна благосостојба.

„Дефинитивно, минималната плата во Македонија е ниска. Доколку имаме, на пример, двајца членови во едно семејство кои работат за минимална плата, тешко дека можеме да зборуваме за пристоен живот за тие семејства“, истакна Миноски.

Тој смета дека зголемувањето на минималната плата треба да се спроведува внимателно и таргетирано, особено во секторите кои се најпогодени и каде што платите се најниски, со цел да не се наруши економската стабилност и одржливоста на компаниите.

Во тој контекст, поранешниот министер нагласи дека Владата мора активно да се вклучи во процесот на трипартитен социјален дијалог меѓу државата, работодавачите и синдикатите, со цел заеднички да се изнајдат одржливи решенија.

Миноски предупреди и дека практиката на „замена на сопственото население со друго население“, како одговор на недостигот од работна сила, не дава позитивни резултати на долг рок, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на задржување и подобрување на условите за домашната работна сила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена претепана од вонбрачниот партнер
Следна Статија Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, ургирал и кај обвинителството да му помогне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азиско-пацифичките пазари се отворија пониско во последниот ден на тргување

Азиско-пацифичките пазари беа подготвени за скромни добивки во скратениот празничен ден

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко…

December 25, 2025

Warner Bros одбива преземање на Paramount и им препорачува на акционерите да се фокусираат на Netflix понудата

Warner Bros ги одбива понудите за преземање и им дава јасни совети на своите акционери

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?