Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
СВЕТ

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд

Објавено January 19, 2026 12:09
Сподели
Сподели

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит на ЕУ посветен на најновиот развој на настаните околу Гренланд.

– Со оглед на значењето на неодамнешните случувања и со цел понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови, наведе Кошта во објавата.

Според извори во Европскиот совет, се размислува Самитот најверојатно да се одржи в четврток со физичко присуство на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ.

Кошта во објавата нагласува и дека неговите консултации со лидерите на земјите членки на ЕУ за најновите тензии околу Гренланд го потврдиле единството на Унијата за почитувањето на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и националниот суверенитет и за поддршка и солидарност со Данска и Гренланд.

Земјите членки, според Кошта, ја потврдиле и силна посветеност на признавање на заедничкиот трансатлантски интерес за мир и безбедност на Арктикот, особено преку работа во рамките на НАТО и ја изнеле заедничка проценка дека царините би ги поткопале трансатлантските односи и се некомпатибилни со трговскиот договор меѓу ЕУ и САД.

Кошта во објавата додава и дека лидерите ја потврдиле својата подготвеност да се одбранат од каква било форма на принуда и да продолжат конструктивно да се ангажираат со САД за сите прашања од заеднички интерес.

Претходно вчера, белгискиот вицепремиер и министер за надворешни работи Максим Прево најави дека денеска веројатно ќе се одржи состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ „за да разговараат за формулирање на заедничкиот европски одговор“ на најновите случувања околу Гренланд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Писмото на Џон Кармак: Поглед назад кон стратегијата на Oculus
Следна Статија Гигант за конзервирана храна во областа на Заливот затвора погон во Калифорнија, намалувајќи 600 работни места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Маск ја лансира Грокипедија

Илон Маск и неговата компанија xАИ ја лансираа Грокипедија, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата…

October 28, 2025
СВЕТ

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа…

October 11, 2024
СВЕТ

(Видео) Се шират пожарите во Лос Анџелес, бројот на загинати се искачи на 16

Повеќекратните пожари кои веќе шест дена беснеат низ Лос Анџелес oдземаа најмалку 16 животи и се проширија во областите кои…

January 12, 2025
СВЕТ

Европскиот парламент и спрема интерпелација на Фон дер Лајен поради скандалот со вакцините

Гласање за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е закажано за следната недела, а лидерот на…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?