Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија
СВЕТ

Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

Објавено January 19, 2026 18:16
Сподели
Сподели

Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на местото Адамус, изјави претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено. Тој оцени дека станува збор за „досега незабележана катастрофа“ која ги надминала капацитетите на локалната администрација.

Морено ја нагласи потребата од целосна координација меѓу општинските, покраинските и државните институции, со единствена цел – навремено да се стигне до погодените и да им се обезбеди помош. Настанот го опиша како „страшно тажен и болен“, кој, според него, ќе остави траен белег во Андалузија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој се обрати во близина на местото на несреќата, изрази сочувство до семејствата на настраданите и им се заблагодари на итните служби за нивната пожртвуваност. Тој најави тридневна национална жалост, која ќе започне на полноќ и ќе трае до четврток, и вети целосна транспарентност во истрагата.

– Ќе дојдеме до вистината и ќе ги пронајдеме одговорите, порача Санчез.

Сведоштвата на патниците ја отсликуваат драматичноста на несреќата. Една млада жена изјави дека возот се накривил на страна, по што „сè потонало во мрак“, а единственото што го слушала биле крици. Таа била извлечена низ прозорецот од други патници, додека нејзината сестра ја спасиле пожарникарите. Според неа, имало лица со лесни повреди, но и тешко повредени, за кои било јасно дека се во животна опасност.

Друг патник, Лукас Мериако, кој се наоѓал во петтиот вагон, опиша дека прво почувствувале вообичаено удирање по шините, по што вибрациите станале силни. Во моментот кога друг воз поминал во спротивен правец, следел силен удар, се искршиле прозорците, а патниците биле фрлени на подот.

Според последните информации од итните служби, 12 повредени лица сè уште се на одделите за интензивна нега, од кои девет се во тешка состојба. Досега од болниците се отпуштени 79 лица, додека 43 сè уште се на болничко лекување.

Извори од шпанското Министерство за транспорт наведуваат дека во моментот на сударот двата воза се движеле со брзина од околу 200 километри на час. Возот „Ирио“, кој прв излетал од шините, се движел со 204 км/ч, додека вториот воз со околу 209 км/ч. Сударот се случил за помалку од 30 секунди откако првиот воз излетал од шините.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Истанбул запленети приближно три милиони наркотични таблети
Следна Статија СДСМ: Стоилковиќ и Геровски – медиумски гасови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санае Такаичи го распушта јапонскиот парламент, закажувајќи предвремени избори

Премиерот на Јапонија Санае Такаичи го распушти долниот дом на Парламентот, подготвувајќи терен за предвремени избори на 8 февруари. Потезот…

January 24, 2026
СВЕТ

Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани

Еден од осум млади Германци никогаш не слушнале за Холокаустот, термин за систематско убивање Евреи за време на нацистичката ера,…

January 24, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Снимка од пукањето: Трамп извлечен од сцената, се сопнал при евакуацијата

Снимка од драматичниот момент кога американскиот претседател Доналд Трамп е итно извлечен од сцената за време на новинарската вечера во…

April 26, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?