Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
МАКЕДОНИЈА

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса

Објавено January 20, 2026 13:01
Сподели
Сподели

Резултатите се јасни, Анел Фидоски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, по денешната седница на Советот на јавните обвинители, на која Фидовски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и некои од членовите оценија дека треба да му се даде шанса. И ќе му ја дадеме – изјави Бесими.

Во врска со гласот „воздржан“ што тој го дал за Бубевски, Бесими појасни дека ваквиот начин на изјаснување е вообичаен во Советот иако во законската рамка не е прецизно дефиниран.

Често се гласа „воздржан“. Во законот тоа не е прецизирано, а ние инсистираме во новиот закон ова да се уреди за да биде јасно дефинирано – рече тој.

Бесими информира дека сите петмина кандидати што конкурирале ги исполнувале формалните услови и дека не биле забележани значајни неправилности.

Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа „за“, Трајчевска и Андонова по еден глас „за“, а Петрески не доби ниеден глас „за“.

Претходно на седницата, некои од членовите ги образложија своите ставови во врска со кандидатите за јавен обвинител. Ермон Незири изрази поддршка за Гаврил Бубевски и нагласи дека тој придонел за подобрување на работата на Обвинителството преку вработување истражители, зголемена транспарентност и воведување вештачка интелигенција. Светлана Стојковиќ исто така даде поддршка за Гаврил Бубевски истакнувајќи дека тој ужива углед, почит и авторитет и во институцијата и меѓу вработените. Марјана Илиеска се изјасни во поддршка на Анел Фидоски за кого рече дека поседува авторитет и дека покажал подготвеност за примена на современи стандарди и практики во обвинителската работа. Ардијан Демири исто така ја даде својата поддршка за Анел Фидоски. Од друга страна, Кети Петкова најави дека нема да гласа за Гаврил Бубевски бидејќи смета дека треба да му се даде можност на друг кандидат.

Со 10 гласа „за“ Бесир Алиу беше избран за обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово, кој воедно беше и единствен пријавен кандидат.

На денешната седница беа усвоени записниците од 34. седница, како и барањата за продолжување на функција на ЈО за една година, согласно Закон за работни односи од неколку јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фрчкоски смета дека СДСМ е мета на пропаганда од медиуми, а дека Жан Митрев бил „искористен“
Следна Статија Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива

Со видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Залудно е да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати и пензии ако имаме сè помалку луѓе

Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес вечерва го “стресе“ Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Добивме донација на уреди за филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра, ќе бидат распределени во градинките, училиштата и болниците

Денес и формално, Владата потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?