Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?

Објавено January 20, 2026 16:34
Сподели
Сподели

На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Ѓ.Р., во својство на службено лице- судија во Апелациониот суд Скопје, во временскиот период од 10.02.2020 до денес, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена дал лажни податоци за својот имот и имот на неговото семејство, кој имот во големи размери ги надминува неговите законски приходи.

Притоа, на 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на неговите родители лоциран во Неготино, каде на првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илијана Јотова ја презеде функцијата претседател на Бугарија, по оставката на Радев
Следна Статија ВНИМАВАЈТЕ: Се праќаат лажни СМС пораки за наводни казни од „Сејф сити“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение

Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Како…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Неправдите кон Македонија биле отсекогаш, само методите се различни

Секогаш сум бил директен и искрен. Така ја почнав мојата кариера и така ќе продолжам. Ги кажувам работите со вистински…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?