Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар

Објавено January 20, 2026 17:20
Сподели
Сподели

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар. Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 66 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,854 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,987 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,109 отсто, кај дизелот за 5,194, кај екстра лесното масло за 4,462 и кај мазутот зза 3,846 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,2303 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА
Следна Статија На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува…

May 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте…

June 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапување: Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати се зголемуваат од полноќ. Согласно одлуката, малопродажната цена…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации

Во третиот квартал од 2024 година е забележан значителен годишен раст на бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?