Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија

Објавено January 22, 2026 16:57
Сподели
Сподели

Со инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана преку Министерството за транспорт, во општина Кочани ќе се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“. Опфатен е делот од потегот од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до спојот со улицата „Генерал Апостолски“, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот е 2.015 метри.

– Со имплементацијата на овој проект, граѓаните на Кочани ќе добијат модерна сообраќајна артерија која ќе ја зголеми безбедноста и комфорот во сообраќајот, ќе го подигне капацитетот на булеварот и ќе овозможи подобра сообраќајна сигнализација. Пешаците ќе добијат посигурни услови за движење, а деловните и комерцијалните активности ќе бидат поттикнати со новиот урбан изглед. Дополнително, со подобрувањето на инфраструктурата ќе се овозможи повеќе простор за социјални и рекреативни активности, а долгорочната издржливост на булеварот ќе ги намали трошоците за одржување и ќе овозможи средствата на општината да се насочат кон други јавни потреби. Реконструкцијата ќе придонесе за економски развој на локалната заедница, објави на својот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Предвидените активности опфаќаат изградба на тротоари со бекатон плочки, асфалтирање во два слоја, систем за одводнување и изградба на потпорни ѕидови. Во моментот проектот е во работна фаза, а реализацијата, како што објави премиерот, се одвива согласно предвидената динамика.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Една од најпознатите туристички атракции во Америка прогласена за најлоша на планетата
Следна Статија Ѓорѓиевски: Започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нови детали за пожарот во „Пулс“: Прскалките се активирале „на копче“

Продолжува сослушувањето на сведоците за една од најголемите трагедии во Македонија – пожарот во Кочани. Денешното рочиште откри нови детали…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трансформираниот портал Услуги.гов.мк нуди над 100 услуги за граѓаните и компаниите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска во Скопје, го промовираше трансформираниот портал Услуги.гов.мк со кој се нудат над 100…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Како систематски е уништувано македонското природно богатство (ВИДЕО)

Заменик генералниот директор Директор на претпријатието “Македонски Шуми” Кире Михаилов на терен открива како систематски е уништувано македонското природно богатство.…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието!

Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието и на штета на воспитно…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?