Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студенти во блокада продолжија со собирање потписи за вонредни избори во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студенти во блокада продолжија со собирање потписи за вонредни избори во Белград
БАЛКАН

Студенти во блокада продолжија со собирање потписи за вонредни избори во Белград

Објавено January 24, 2026 19:14
Сподели
Сподели

На Плоштад Никола Пашиќ денеска продолжи собирањето потписи за распишување вонредни парламентарни избори, во организација на иницијативата ИТ Блокада, со поддршка од Студентите во блокада и други граѓански и невладини организации.

Настанот под наслов „Заедно за студентите“ собра неколку стотини граѓани и беше организиран по повод една година поддршка од дел од ИТ-заедницата за студентските блокади и протести.

Во рамки на собирот беа поставени штандови на граѓански организации, на кои беа изложени домашни производи, маици, свирчиња и кутии за донации. На плоштадот беше истакнат и транспарент со пораката „ИТ БЛОКАДА – Година помина, ден никогаш“.

За разлика од претходни протести, на денешниот настан не беа предвидени говори. Наместо тоа, беше реализирана програмата „Култура во центарот“, која вклучуваше читање поезија и проза, како и музички содржини.

Организаторите најавија дека собирањето потписи ќе продолжи и во наредниот период, сè додека не се собере потребниот број за официјално поднесување на барањето за распишување вонредни избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
Следна Статија Колку ќе ве чини секој прекршок во „Безбеден град“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА УРИВАЊЕ НА НАТСТРЕШНИЦАТА – ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ДЕТАЛНО ОБЈАСНИ: Зошто паднаа потпорните столбови?

Што доведе до трагедијата во Нови Сад е едно од главните прашања, особено што оваа железничка станица беше реконструирана пред…

November 3, 2024
БАЛКАН

До смрт ја претепал бремената девојката оти му кажала дека детето не е негово

Дамир И.(23) од Крагујевац е осомничен дека до смрт ја претепал својата партнерка Драгана М.(23), а претходно бил уапсен бидејќи…

October 30, 2024
БАЛКАН

Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада

Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и…

January 4, 2026
БАЛКАН

ВИДЕО: Пратеник и кандидат за градоначалник меѓу уапсените, бугарското МВР трага по насилните демонстранти

Министерството за внатрешни работи на Бугарија трага по сите кои вчера учествуваа во судирите пред зградата на Европската комисија во…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?