Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
СВЕТ

Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија

Објавено January 25, 2026 12:30
Сподели
Сподели

Мнозинство Германци го гледаат американскиот претседател Доналд Трамп како закана за Германија, покажуваат резултатите од анкетата на институтот ИНСА, нарачана од германскиот весник „Билд“.

ДПА пренесува дека само 24 отсто од испитаниците рекле дека го гледаат Трамп како сојузник, додека 61 отсто го етикетирале американскиот претседател како закана за земјата.

Во репрезентативната анкета спроведена на околу 1.000 испитаници, 15 отсто од нив немале одговор на ова прашање..

Анкетата, исто така, покажа дека Германците сакаат владата на канцеларот Фридрих Мерц да заземе поцврст став кон Вашингтон, при што 52 отсто се залагаат за поцврст пристап, а 31 отсто ја сметаат соработката за правилен пат.

Анкетата е спроведена во четврток и петок, во услови на високи тензии меѓу Европа и САД околу спорот за Гренланд.

Трамп оттогаш ја повлече својата закана за воведување царини на осум европски земји, вклучувајќи ја и Германија поради неговото барање за контрола на САД врз арктичката територија што ја администрира Данска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди
Следна Статија Трагична сообраќајка со смртни последици ноќеска во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Украински дронови го погодија најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург

Украински дронови денеска го нападнаа најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург по што следеа пожар и силни експлозии, објави „Киев…

June 3, 2026
СВЕТ

Земјите од светот го поздравија прекинот на огнот меѓу САД и Иран

Неколку арапски држави денеска го пофалија двонеделниот прекин на огнот помеѓу САД и Иран и го поздравија повторното отворање на…

April 8, 2026
СВЕТ

Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната…

June 26, 2025
СВЕТ

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информираше за ситуацијата во текот на целата ноќ.…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?