Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Здружение на матични гинеколози: Да се усвои предлог-законот за заштита од пушењето и да важи за сите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Здружение на матични гинеколози: Да се усвои предлог-законот за заштита од пушењето и да важи за сите
ЗДРАВЈЕ

Здружение на матични гинеколози: Да се усвои предлог-законот за заштита од пушењето и да важи за сите

Објавено January 27, 2026 10:50
Сподели
Сподели

Здружението на матични гинеколози денеска преку соопштение ја изразува својата силна и недвосмислена поддршка на предлог-законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува целосна забрана за употреба на цигари и сите видови никотински производи во затворени простории, вклучително и електронски цигари и уреди за загревање тутун.

– Како здравствени работници кои секојдневно работат со жени во репродуктивен период, бремени жени, родилки и парови кои се соочуваат со проблеми со плодноста, сметаме дека ваквата законска регулатива е неопходна, оправдана и во согласност со современите медицински докази. Научните податоци јасно укажуваат дека не постои безбедно ниво на изложеност на тутунски чад или аеросоли од никотински производи. Пасивното пушење претставува сериозен ризик по здравјето и е поврзано со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и со зголемен ризик од малигни болести. Според Светската здравствена организација, повеќе од 1,3 милиони луѓе годишно во светот умираат како последица на пасивна изложеност на тутунски чад, при што најранливи категории се жените и децата, се вели во соопштението.

Според Здружението, од аспект на репродуктивното здравје, изложеноста на никотин и тутунски токсини има докажано негативно влијание врз плодноста и кај жените и кај мажите. Кај жените, пушењето и пасивното пушење се поврзани со нарушена овулација, намалена резерва на јајце-клетки, хормонски дисбаланс и зголемен ризик од неплодност. Кај мажите, бројни клинички и епидемиолошки студии потврдуваат намален број на сперматозоиди, намалена подвижност и нарушена морфологија на спермата, како и зголемено оштетување на ДНК на сперматозоидите, што директно ја намалува можноста за зачнување и го зголемува ризикот од репродуктивни компликации.

Оттаму наведуваат дека за време на бременоста, изложеноста на тутунски чад и никотин е поврзана со зголемен ризик од предвремено породување, ниска родилна тежина, интраутерина ретардација на растот и зголемена перинатална морбидитет и морталитет.

– Никотинот и другите штетни супстанции лесно ја преминуваат плацентата и имаат директно негативно влијание врз развојот на плодот. Дополнително, изложеноста на новороденчиња и мали деца на чад и аеросоли од никотински производи е поврзана со почеста појава на астма, респираторни инфекции, воспаленија на средното уво и зголемен ризик од синдром на ненадејна смрт кај доенчиња. Посебно загрижува фактот што одредени никотински производи, како електронските цигари и уредите за загревање тутун, често се претставуваат како побезбедна алтернатива. Современите научни истражувања укажуваат дека и овие производи ослободуваат никотин, ултрафини честички и хемиски соединенија со потенцијално штетно дејство врз респираторниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем, а нивната пасивна употреба во затворени простории претставува реален здравствен ризик, стои во соопштението.

Здружението на матични гинеколози нагласува дека целосната, недискриминаторска забрана за употреба на сите форми на пушење и никотински производи во затворени простории е клучна мерка за заштита на јавното и репродуктивното здравје.

– Здравјето на жените, мажите, децата и идните генерации мора да има апсолутен приоритет. Ги охрабруваме надлежните институции да го усвојат и доследно да го спроведуваат предлог-законот без исклучоци, а јавноста да ја препознае оваа мерка како инвестиција во здравјето, плодноста и иднината на нашето општество, се вели во соопштението од Здружението на матични гинеколози.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонски државни обврзници и акции паѓаат по зајакнувањето на јенот
Следна Статија Шеф на Рамс за иднината на Метју Стафорд: Емоционален одговор по тешкиот пораз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје на социјалните мрежи објави дека го вдоимла Роџер, лабрадор стар две и пол години…

January 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Според научниците, ова е најздравото овошје на светот

Со децении важеше уверувањето дека јаболкото е најздравото овошје. Но, најновото истражување на американскиот Универзитет „Вилијам Патерсон“ го доведува тоа…

June 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега…

January 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Подобрена состојбата на две лица кои се лекуваат во Солун

Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?