Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна

Објавено October 26, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Првите резултати од владината подршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со наголем број конекции кон Еворпа и светот, истакна заменик претсдателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродорм.

Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје – Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија, истакна министерот Николоски.

Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 – 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска подршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи
Следна Статија Вo Шпанија Врховниот суд ја укина забраната за рекламирање игри на среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Повик за договор помеѓу Федералните резерви и Министерството за финансии предизвикува дебати на пазарот на обврзници

Кевин Варш предложи низа идеи за водење на Федералните резерви, а неговиот повик за нов договор со Министерството за финансии…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста…

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на…

February 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 130 илјади туристи во мај, најбројни Турците

Во мај годинава, во земјава биле регистрирани вкупно 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни туристи, покажуваат најновите…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?