Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за претседателот на РКЕ, поднесе Финансиската полиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кривична пријава за претседателот на РКЕ, поднесе Финансиската полиција
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за претседателот на РКЕ, поднесе Финансиската полиција

Објавено January 29, 2026 12:57
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М. Б., претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик.

Како што инфорираат од Управата, пријавениот М. Б. во својство на претседател на РКЕ ги злоупотребил својата службена положба и овластувањето на начин што спротивно на Законот за енергетиката и правилникот за лиценци, иако бил должен да почне постапка за одземање лиценца за вршење енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со „евродизел БС“ (Д-Е V), биодизел, „евросупер БС 95“, екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.1.2024 година, таа е одземена дури на 14.4.2025 година. Со тоа, како што посочуваат, ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавните набавки.

– Со горенаведените дејства пријавениот ги повредил прописите што бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да стекне противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари, прецизираат од Управата за финансиска полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УПС ќе намали 30.000 работни места додека се оддалечува од Amazon
Следна Статија Бари Вајс до CBS News персоналот: Без промена на стратегијата, ‘ние сме готови’

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поповска: Вториот Протокол со Бугарија е отров, неговото уставно поништување – противотров

„Вториот протокол ни наложува бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема гужва на граничните премини Богородица и Блаце

Утрово граѓаните ја напуштаат земјава за продолжениот викенд. Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот,…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?