Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

Објавено February 1, 2026 14:47
Сподели
Сподели

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените.

– Со овие 40 камиони, сигурен сум дека многу ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје. Како што најавивме и во кампањата, и како што најави и самиот градоначалник, хигиената ни е прв приоритет и во таа насока се движи овој процес, рече Мицкоски.

Тој најави дека процесот на набавка се очекува да биде заокружен до доцна пролет, а испораката на возилата да почне до крајот на годината. Според премиерот, новата механизација ќе овозможи поефикасна работа на Комунална хигиена и видливо подобрување на чистотата во градот.

– Сепак 40 камиони за одведување смет се огромна работа. Не така одамна имавме во Битола презентација на еден друг проект кој исто така меѓународни финансиски институции го поддржуваат, има и грант компонента, а тоа е регионалната депонија во Новаци. Дел од тој проект е и набавка на камиони за одведување на смет на општините од Југозападниот и од Пелагонискиот регион. Се што било закочено, не било сработено и не се работело, украдено, уништено, се трудиме да го оживееме и да го вратиме повторно во функција. Не може преку ноќ. Да бидеме трпеливи, рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетничка и паковки кокаин пронајден во угостителски објект во гостиварско
Следна Статија Детонации ги вознемирија граѓаните на Белград – Изгореа 6 возила и дел од фасада на зграда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ковачев: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев вели дека не им е лесно на колегите во Северна Македонија. Не…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари

Инвеститор урна ѕид на станбена зграда при бетонирање на нов објект на улицата Партизански одреди во Ѓорче Петров.Работниците кои работеле…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани не излезе во јавност, на ФБ изрази сочуство за настраданите

По трагедија во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а речиси 150 се повредени, градоначалникот на…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?