Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет тони марихуана од Македонија запленети во Србија, тројца се во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пет тони марихуана од Македонија запленети во Србија, тројца се во притвор
ХРОНИКА

Пет тони марихуана од Македонија запленети во Србија, тројца се во притвор

Објавено February 1, 2026 18:03
Сподели
Сподели

Иван Драгниќ, еден од четворицата сопственици на Друштвото за производство, промет, трговија и услуги „Алфафарм“, е притворен по големата акција на српската полиција во селото Коњух кај Крушевац, каде што откри и заплени пет тони марихуана. Дрогата е набавена токму од компанијата регистрирана во Македонија, со адреса во скопската општина Кисела Вода.

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека е покрената истрага против петмина осомничени, меѓу кои се таткото и синот – Раде Спасојевиќ (68) и Небојша Спасојевиќ (40). Осомничени се и Александар Мијајловиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, кои се товарат за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, пишуваат српските медиуми.

Клучен дел од истрагата е потеклото на запленетата марихуана. Според Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија:

„Оваа организирана криминална група делувала во меѓународни рамки, така што од почетокот до крајот на јануари 2026 година, на територијата на Северна Македонија набавила пет тони марихуана“.

Осто така, Обвинителството наведува дека, според планот на организаторот, дрогата преку државната граница ја пренесувал осомничениот Иван Драгниќ, кој ја доставувал до складиште на семејството Спасојевиќ, од каде што, заради понатамошна продажба ја преземал Урош Младеновски.

Според Обвинителството, Александар Мијајловиќ, кој е организатор на криминалната група, се наоѓа во бегство. Предложено е по него да се распише и меѓународна потерница.

Останатите осомничени, како што се наведува во официјалното соопштение, на сослушувањето се бранеле со молчење.

Компанијата со седиште во Скопје и со целосен назив Alphapharm Group DOO Skopje, постои од јули 2023 година. Основана е со основна главнина од 529.050 евра. Регистрирана е за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.

Косопственици на фирмата се Иван Драгниќ, Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ. Последново презиме е исто како и на личноста што се посочува како организатор.

Финансиските извештаи за работењето на „Алфафарм“, достапни на Бизнис Мрежа, покажуваат дека компанијата во 2024 година остварила драстичен пад на приходите, истовремено со нагло зголемување на расходите и на нето-загубата. Што можеби може да го предизвика вниманието на истражните органи кон можната злоупотреба на легално регистрираната дејност.

Конкретно, кај приходите е забележан пад од 77,89 отсто. Или во 2023 година приходите изнесувале 39,9 илјади евра, а во 2024 година – 8,8 илјади евра. Истовремено, трошоците се зголемиле за 142,47 насто, од 58,7 илјади на 142,3 илјади евра.

Уште во првата година од постоењето фирмата запишала загуба – од 18,8 илјади евра. Веќе во втората година таа „дупка“ се продлабочила за 610,65 насто, при што загубата достигнува 133,5 илјади евра.

На почетокот биле работно ангажирани четири лица, а потоа се вработени уште двајца. Тоа се одразило кај трошоците за вработените (+ 403,69 %), кај платите и надоместоците на плата (+ 398,79%).

Што се однесува до акцијата во Србија, се истакнува дека претставува историски удар врз организираниот криминал. Ја спроведе Управата за криминалистичка полиција, во координација со Јавното обвинителство за организиран криминал.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за рекордна полициска заплена на наркотични дроги. Освен тоа, полицијата заплени и четири автоматски пушки, ракетен фрлач („золја“), опрема за пакување и поголема сума готовина што, според надлежните, укажува на високо ниво на организација и подготвеност за насилна заштита на криминалниот бизнис.

Српските власти најавуваат продолжување на истрагата со цел да се утврди целосната мрежа на набавка, транспорт и дистрибуција, како и евентуалната поврзаност на легални компании од регионот со организираниот криминал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Нова рунда разговори за Украина на 4 и 5 февруари
Следна Статија Камерите снимија огнена топка над Нов Зеланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946…

June 17, 2025
ХРОНИКА

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница

По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар…

January 15, 2025
ХРОНИКА

Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда. Како што соопшти државното…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Деветгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во Италија

Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?