Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прифатена оставката на Комисијата за помилување, Силјановска ќе има консултации пред да го избере новиот состав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Прифатена оставката на Комисијата за помилување, Силјановска ќе има консултации пред да го избере новиот состав
Blog

Прифатена оставката на Комисијата за помилување, Силјановска ќе има консултации пред да го избере новиот состав

Објавено October 26, 2024 21:13
Сподели
Сподели

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката.

Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата. Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири, стои во соопштението.

Воедно се додава дека во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување претходно вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членовите на Комисијата поднеле колективна оставка.

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.

Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Рама ја собра албанската дијаспора во Њујорк, следи Солун
Следна Статија Тринаесетгодишно девојче ја избодела својата седумгодишна сестра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зад завесата: Иднината на вештачката интелигенција е тука

Клод на живописен и незаборавен начин покажува како вештачката интелигенција трајно ќе го промени работењето.

January 19, 2026
Blog

Обезбедени прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Владата на Република Македонија денес потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување…

July 17, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Скорпија – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Ова е идеален ден за активација на вашата креативна енергија, драги Скорпији. Осетете како вашите…

January 28, 2025
Blog

Samsung Z Trifold: Иднината на мобилните уреди која ги брише границите помеѓу телефонот и таблетот

Galaxy Z Trifold навистина е таблет со прикачен телефон. Со вклучениот десктоп режим, тој може да биде единствениот уред кој…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?