Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит туку за научна соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит туку за научна соработка
ЗДРАВЈЕ

Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит туку за научна соработка

Објавено February 2, 2026 14:53
Сподели
Сподели

Македонија е спомната како една од земјите што учествувале во меѓународно научно истражување во рамки на кое била формирана банка од човечки мозоци за истражувачки цели, покажуваат документи и новинарски истражувања објавени во САД. Станува збор за колекција од околу 1.000 примероци, која вклучувала мозоци од лица што извршиле самоубиство, но и контролни примероци, користени за проучување на психијатриски и невропатолошки состојби.

Во истражувањето се наведува дека дел од примероците потекнувале и од Македонија, обезбедени преку научна соработка со професор на Универзитет Колумбија со македонско потекло. Според достапните информации, мозоците биле земани по смртта на лицата, веднаш криопрезервирани, транспортирани во Соединетите Американски Држави и таму систематски означени и архивирани за научна употреба.

На интернет-страницата на американската Национална библиотека за медицина е достапен научен труд од јули 2014 година, издаден од Македонска академија на науките и уметностите, Оддел за медицина. Автори на трудот се професорот Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија, поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума и професорот Ендру Џеј Дворк, исто така од Универзитетот Колумбија. Трудот, со наслов „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: општи лекции за научна соработка меѓу земји со различно богатство“, ја опишува соработката меѓу македонски и американски институции во областа на психијатријата и невропатологијата.

Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“, потврдува дека проектот се реализирал во периодот од 1990-тите до почетокот на 2000-тите години. Тој нагласува дека станувало збор за строго научна соработка, без каков било финансиски интерес. „Мозокот не може да се продаде, ниту да се трансплантира. Не постои црн пазар за такво нешто“, вели Дума.

Според него, постоеле јасно дефинирани протоколи – по вадењето, мозокот морал за многу кратко време да достигне температура од минус 80 степени и да биде транспортиран во соодветна лабораторија. Тој не прецизираше колку примероци од Македонија биле испратени, но посочи дека бројката во никој случај не изнесувала 1.000, бидејќи банката на Универзитетот Колумбија веќе собирала мозочни ткива од повеќе земји низ светот, според строго утврдени критериуми.

Дума додава дека проектот бил финансиран од Националниот институт за здравје на САД и дека Универзитетот Колумбија го добил грантот под строги услови. За учество во проектот, согласност дала и етичката комисија на Медицинскиот факултет во Скопје. „Сè се одвиваше според правила, без профит и без вмешаност на трети страни“, нагласува тој.

Како посредник меѓу Институтот за судска медицина во Скопје и Универзитетот Колумбија бил вклучен професорот Горазд Росоклија, а во проектот учествувале повеќето лекари од Институтот. Според Дума, еден од главните бенефити за Македонија бил образовниот – млади лекари добиле можност за усовршување и стекнување нови знаења.

Целта на соработката била проучување на мозочните промени кај шизофренија и други психијатриски нарушувања. Македонија била интересна за проектот поради високата стапка на обдукции и стручниот кадар, додека американската страна располагала со напредна технологија, но немала доволно примероци.

Инаку, Македонија индиректно се спомнува и во документите што јавно ги објави американското Министерство за правда, поврзани со починатиот милијардер Џефри Епстин. Во тие материјали се наоѓа електронска порака испратена до инвеститорот Ајк Гроф, во која се пренесува новинарско истражување на Bloomberg Businessweek, потпишано од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет.

Истражувањето, со наслов „Лек стар 50 години што би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“, ја опишува токму оваа долгогодишна научна работа и создавањето на меѓународна банка на човечки мозоци, во која, според објавените податоци, учествувала и Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоин паѓа под 78.000 долари: Што следува?
Следна Статија Мито од 50.000 евра за ИПАРД фондови: ОЈО поднесе обвинение против бизнисмен и функционери од Агенцијата за плаќања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен!

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати во Собранието по повод Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на…

October 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување…

September 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку зеленчук и овошје во Европа,

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку овошје и зеленчук во Европа за разлика од…

March 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Клиничката болница во Тетово ќе се реконструира за околу 74 милиони евра

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно…

May 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?