Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиохируршките операции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиохируршките операции
ЗДРАВЈЕ

МЗ го објави составот на странската комисија за истражување на кардиохируршките операции

Објавено February 2, 2026 15:02
Сподели
Сподели

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои:

Д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД, кој има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. Исто така, како експерт е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни списанија во оваа област.

Д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, со повеќегодишно работно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој воедно е и доктор на науки на Универзитетот во Марибор и има објавено повеќе стручни трудови посветени на кардиоваскуларната хирургија.

Д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство на одделот за кардиологија (единица за коронарен третман), при Универзитетскиот медицински центар Љубљана. Овој експерт, исто така, има стекнато титула доктор на биомедицински науки на Универзитетот во Љубљана. Тој во рамки на својата експертиза бил ангажиран како истражувач на престижниот „Cedars-Sinai“ медицински центар во Лос Анѓелес, САД, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во номеври лани, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции утврди дека се кај 10 од 19 анализирани случаи, непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти министерот за здравство Азир Алиу тогаш.

Тој посочи дека од пристигнатите 25 случаи, комисијата утврдила дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна.

Додаде дека ова е само првична анализа и понатаму ќе се постапува заедно со меѓународна комисија за дополнителна анализа за случаите со проблематични индикации.

Инаку Комисијата беше формирана непосредно откако проф.д-р Сашко Кедев рече дека во приватни клиники се прават непотребни операции за профит.

Деновиве пак, професорот и академик Сашко Кедев, се повлече од Здравствениот совет при Министерството за здравство.

Во својата оставка, Кедев како главна причина за повлекувањето го наведува застојот во контролните процеси кои тој ги започнал откако открил дека на одредени пациенти им биле извршени тешки и скапи кардиолошки интервенции (како стентирање, бајпас и сл.) во приватни болници, иако според медицинските индикации тие не биле потребни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведоштво од „Пулс“: И по лекувањето во Штип, Скопје и Грац состојбата ми е критична, сатурацијата ми паѓа на 65
Следна Статија Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Се разгледуваат три опции за нов клинички центар во Скопје, вели министерот Алиу

Владата и Министерството за здравство разгледуваат три можни опции за новиот клинички центар, кој е окарактеризиран како еден од клучните…

November 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја…

May 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово – казни од 100 до 1000 евра

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во…

October 18, 2024
ЗДРАВЈЕ

Николов: Целта е Македонија да стане дел од Еуротрансплант за да има значителен напредок на здравствениот систем

Во денешната емисија Здравје фактор на ТВ 24, гостуваше д-р Игор Гила Николов, нефролог, кој се осврна на тековните напори…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?