Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“
ХРОНИКА

Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“

Објавено February 2, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.

На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на пријавениот полициски службеник од страна на управителот му бил испратен видео запис од безбедносни камери во врска со пријавеното кривично дело. Пријавениот видео записот преку социјалната мрежа „инстаграм“ го испратил односно го сторил достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кој воедно од страна на управителот бил пријавен за кривичното дело „изнуда“.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Густа магла и видливост до 50 метри на Плетвар
Следна Статија Македонско признание за болницата „Пирогов“ во Софија за лечењето на пациентите од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Насилно ја пикнале во кола: Четворица скопјани киднапирале 23-годишна девојка во Струга

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Ни стан, ни пари: Kумановка измамена за 50.000 евра

Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3, 2 милиони денари за купување стан со…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина по пад од тераса, дете пренесено во Ургентен

На 03.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Санкционирано лицето кое со службено возило помина на две полни линии и користеше флешери

Полициски службеници од СВР Скопје денеска извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?