Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово
ЕКОНОМИЈА

Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово

Објавено February 3, 2026 08:13
Сподели
Сподели

Граѓанската организација Еко-свест упати јавно писмо до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во кое изразува „огромна загриженост“ поради најавите за можно реактивирање на проектот за хидроцентралата „Бошков мост“. Според организацијата, проектот е во директна спротивност со националното законодавство, меѓународните конвенции и современите еколошки стандарди, а неговата реализација би имала сериозни последици врз интегритетот на Националниот парк Маврово.

Во писмото, Еко-свест потсетува дека „Бошков мост“ е проект заснован на застарен концепт, кој одамна ја изгубил својата легитимност. Како прва и клучна причина, организацијата го наведува прекршувањето на меѓународните обврски на државата, конкретно оние што произлегуваат од Бернската конвенција за заштита на дивите видови и живеалишта, на која Македонија е потписник.

Според Еко-свест, Комитетот на Бернската конвенција уште во 2015 година утврдил дека изградбата на „Бошков мост“ директно ја загрозува репродуктивната средина и опстанокот на Балканскиот рис, критично загрозен вид за кој Националниот парк Маврово претставува последно значајно прибежиште. Тогаш, Комитетот јасно повикал на целосно стопирање на сите хидроенергетски проекти во рамки на паркот.

Дополнително, во 2025 година, Бернскиот комитет повторно констатирал дека државата не постигнала значаен напредок во исполнувањето на препораките. Меѓу нив се наведува откажување на постојните концесии, запирање на хидроенергетските проекти и итно репрогласување на Националниот парк Маврово во согласност со меѓународните стандарди.

Како втора клучна точка, Еко-свест ја нагласува економската неисплатливост на проектот. Според анализите на независни експерти и меѓународни финансиски институции, трошоците за изградба на „Бошков мост“ се несразмерни со минималното производство на електрична енергија, особено ако се земе предвид долгорочната и неповратна штета врз екосистемот. Во контекст на современата енергетска транзиција, организацијата оценува дека проектот претставува чекор назад, особено во споредба со соларната и ветерната енергија, кои се поекономични и поодржливи решенија.

Конкретни барања до Владата
Врз основа на овие аргументи, Еко-свест упатува две конкретни барања до Владата. Првото барање е итно спроведување на сите препораки на Бернската конвенција и целосно отфрлање на плановите за хидроенергетски проекти во заштитените подрачја. Второто барање е итно репрогласување на Националниот парк Маврово, со што би се оневозможила идна деградација на паркот.

Организацијата предупредува дека долгогодишното одложување на репрогласувањето создало правна празнина, која овозможува реализација на штетни инфраструктурни и градежни проекти во срцето на паркот. Наместо исклучок, ваквите интервенции станале практика што постепено го разградува интегритетот на едно од највредните природни подрачја во државата.

Зошто е важно репрогласувањето
Според Еко-свест, репрогласувањето на Маврово не е административна формалност, туку клучен механизам за воспоставување јасна и обврзувачка рамка за заштита, усогласена со IUCN стандардите и меѓународните обврски на државата. Само со нов закон за Националниот парк може да се стави крај на, како што наведуваат, практиката на ад-хок одлуки, политички притисоци и проекти што го жртвуваат јавниот интерес за краткорочни цели.

Истовремено, од организацијата потенцираат дека ваквата рамка би овозможила и одржлив економски развој на локалното население, преку поддршка на одржлив туризам, традиционални дејности и зелени економски активности.

Во писмото до премиерот, Еко-свест апелира за лидерство засновано на наука и јавен интерес, а не на застарени енергетски политики. „Природата на Северна Македонија не е ресурс за краткорочен профит, туку наследство што сме должни да го зачуваме за идните генерации“, порачуваат од организацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Е-фактура“ е проект што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност
Следна Статија Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Белата куќа предлага компромис со Кина за извоз на Nvidia H200 чипови

Одлуката ќе отвори огромен пазар за производителот на чипови и ќе обезбеди дека американската технологија останува светски стандард.

December 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско

Немаат вработени, а бизнисот им оди добро. Толку добро што приходите и профитот се мерат во милиони евра. Ни денар…

June 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?