Премиерот Христијан Мицкоски, коментираше за протестите од дел од граѓаните поради системот „Сејф Сити“, односно одземање на возила на оние кои управуваат без возачка дозвола и со нерегистрирани возила.
Неколку патни правци вчера и денеска беа блокирани поради тоа што бараат да им се овозможи управување на возило без возачка дозвола, или државата да им овозможи да полесно вадење на возачки.
„Разговарав денеска со министерот за внатрешни работи и побарав од него оној кој упатил закани, и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните, жестоко да се одговори. И ќе биде жестоко одговорено за да не се повтори она дивеење од вчера“, изјави Мицкоски.