Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра
БАЛКАН

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра

Објавено February 4, 2026 19:08
Сподели
Сподели

Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од 143,5 милиони евра.

Фиктивните фактури биле регистрирани во повеќе сектори, меѓу кои градежништвото, трговијата на големо со храна и земјоделски производи, со облека и обувки, со фармацевтски производи, со метали, со телекомуникациска и ИТ-опрема, малопродажбата на мобилни телефони, компјутери и аудио-видео опрема, како и услугите за трговско посредување и деловна поддршка.

Според податоците, најголем обем на нерегуларности е утврден во градежниот сектор и во услугите за трговско посредување, каде износите на неплатен ДДВ се движат во десетици милиони евра.

Најголем број фактури, вкупно 20.058 со вредност од 214,5 милиони евра издале 37 компании од градежниот сектор, кои не уплатиле ДДВ во вкупен износ од 50,2 милиони евра.

Нешто помалку од 9.800 фактури со вкупна вредност од 97,7 милиони евра, биле издадени од 26 компании од секторот за деловна поддршка и општи услуги, при што не бил уплатен данок на додадена вредност од речиси 20 милиони евра.

Над 7.000 фактури во вредност од 81,9 милиони евра и избегнато ДДВ од 11,7 милиони евра, издале 14 компании од секторот за трговија на големо со храна и земјоделски производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ССМ бара 80 отсто пониски функционерски плати
Следна Статија Нема одложување на европскиот систем ЕЕС, целосна примена од 10 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Кучињата му се викаат „Ракија“ и „Пиво“: Кој е Марк Брновиќ, новиот амбасадор на Америка во Србија

Марк Брновиќ, кој беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија, е американски адвокат и…

March 29, 2025
БАЛКАН

Пронајдена салмонела:Хрватска повлекува производ од маркетите

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги информираше потрошувачите за отповикување на производот Екструдирани топчиња од просо, сирење и кромид без…

October 27, 2024
БАЛКАН

ПУТИН НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ Вучиќ вели дека сè е можно ако Москва биде нападната

„Ако е загрозена безбедноста на Москва, ви велам, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје. Прашањето е…

November 20, 2024
БАЛКАН

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка: Видовме политичка злоупотреба на несреќата

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. Во вонредното јавно обраќање во зградата на Владата, по синоќешниот напад врз студентите во…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?