Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Петрушевски: Лицата кои протестираа против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Петрушевски: Лицата кои протестираа против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Лицата кои протестираа против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Објавено February 5, 2026 12:45
Сподели
Сподели

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може да се види на фотографијата на екранот, истакна на денешната прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

-Лицата кои јавно се спротивставија на проектот „Безбеден град’’, во изминатите денови излегоа на протести, кои беа насочени против мерки кои имаат за цел да спречат возење без возачка дозвола, без регистрација и без одговорност.

СДС и Спасовски, да потсетиме за јавноста, гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град’’ во Собранието.

Замислете, ексминистер за внатрешни работи, кој не направил буквално ништо во насока на подобрување на сообраќајната безбедност, гласаше против.

Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч, и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност?

СДС и Оливер Спасовски мора да дадат одговори на јавноста затоа што, за време на протестите беа забележани закани со насилство и убиство, и ова е повеќе од алармантно.

Почитувани,

Ваквото однесување е недозволиво во демократско општество и затоа ги повикуваме сите надлежни институции да постапат без селекција и без двојни аршини, строго согласно закон, и да обезбедат одговорност за сите кои испраќаат закани за насилство.

СДС и Оливер Спасовски повторно се обидуваат да направат саботажа на се што е добро и е од интерес за граѓаните. Целта на ,,Безбеден град“ е да се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Секој оној кој се залага за безбедност и ред во сообраќајот го поддржува овој проект, порача Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рики Мартин му оддава јавно признание на Бад Бани по доделувањето на Греми наградите
Следна Статија Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЛДП: Разгаленото дете Данела Арсовска која е „оперирана“ од срам веднаш да си поднесе оставка и да прекине агонијата на скопјани

Во врска со алармантната состојба во јавниот градски превоз од ЛДП денеска нагласија дека Скопје не смее повеќе да биде…

November 21, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да постапи за случајот со…

March 11, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Левица директно и помага на ДУИ – немаат кандидат во Велес, но имаат во Струга

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ коментирајќи ги кандидатурите за градоначалници на…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ до Филков: Тргнете ги рацете од судството и обвинителството

ДУИ до Филков упати остра политичка порака по неговата денешна изјава за одлуката Артан Груби да добие куќен наместо ефективен…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?