Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведоштво на командирот на ТППЕ Кочани за „Пулс“: Имаше хидрант, но немаше вентил, телата беа натрупани пред влезот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведоштво на командирот на ТППЕ Кочани за „Пулс“: Имаше хидрант, но немаше вентил, телата беа натрупани пред влезот
ХРОНИКА

Сведоштво на командирот на ТППЕ Кочани за „Пулс“: Имаше хидрант, но немаше вентил, телата беа натрупани пред влезот

Објавено February 5, 2026 12:53
Сподели
Сподели

Командирот на територијалната противпожарна единица од Кочани, Драган Апостолов, денеска во судницата во Идризово даде потресен исказ за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој појасни дека интервенцијата почнала во 2:55 часот, при што веднаш била побарана помош од соседните градови поради силината на огнот кој веќе ги зафатил плафонот, шанкот и бината.

Апостолов опиша дека гаснењето било исклучително тешко, а безбедносната опрема во самиот објект била нефункционална. Тој посочи дека и покрај заштитната опрема, и сам се здобил со изгореници поради екстремно високата температура.

„Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени пп апарати од девет килограми“, изјави Апостолов пред судот.

Командирот истакна дека најголемиот број починати и повредени биле пронајдени во тесниот ходник пред главната врата. По локализирањето на пожарот околу 4:30 часот, со дозвола на обвинител, биле извлечени уште три изгорени тела. Според неговото сведочење, кај задната врата на објектот немало настрадани лица, туку целиот метеж бил концентриран на главниот влез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони
Следна Статија Средба Јанушев – Рикер: Потврдена важноста од продолжување на соработката и поддршката меѓу двете земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби. Во 08:57 часот добиена е…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Петмина повредени во судир на „ауди“ со полициско возило во Аеродром

Вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска…

June 19, 2025
ХРОНИКА

Приведен е поранешен раководител на УЈП- Акција на МВР во Штип

Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП.…

November 20, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?