Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко
МАКЕДОНИЈА

Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Објавено February 5, 2026 23:16
Сподели
Сподели

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.

Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста.

Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во село во Крушевац.

Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици. Интересно е што има измени во сопственичката структура денови пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 600 евра минимална плата: Филипче бара кратење луксуз за поголеми плати
Следна Статија Алфабет го изненадува пазарот со амбициозни планови за капитални расходи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гнасно ко*иле, смрт за вас: Тешки навреди кон новинарот Видиновски по видеото за хаосот пред Бугарската амбасада

Асномски ко*пилиња, Македонија е наша што сакаме ќе правиме, Смрт за вас. Ова се дел од тешките навреди и закани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје

Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Објавен оглас за вработување на 600 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 600 полициски службеници. I. За засновање на работен однос на…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа: Ова е историски ден, рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста

Ова е историски ден, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски за…

January 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?